ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политичка филозофија на ранливоста

June 24, 2025 10:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ 

Либерализмот и неолиберализмот се концепти и доктрини кои го заробуваат човекот не како грешки во своите операционализации во некакви несреќни временски отсечки, туку како закономерен резултат на своите основи и на својата природа. Од колонијализмот и расизмот, до максимирањето на профитот и до идеите за регулација на се, за стигматизација на тие што се надвор од регулацијата ако веќе не се стигматизирани со неа. На различните по сите основи, од бојата на кожата до сексуалната ориентација.

Ослободувањето на човекот не е можно без ослободување од тие концепти, значи на човекот од нив, но и на човекот од себе како производ на тие концепти како и на релациите со другите луѓе и со заедницата.

Можни ли се излези од стисокот на тој заробителен либерализам, во кои насоки и низ какви форми?

Ова се некои клучни назнаки од промоцијата на книгата Anarchic Bodies: Corporeal Materialism, Affects and the Political од Славчо Димитров што вечерва се одржа во “Јадро”.

И на самата книга, се разбира.

Промотори беа професорката Јелисавета Благојевиќ и професорот Љубимир Данаилив Фрчкоски, а инспиративна и емотивна, поетска и возбудлува, би рекол, реч за ликот и делото на Славчо Димитров, одржа Искра Гешовска.

Се разбира, имавме задоволство на крајот да ја чуеме и докторската реч (книгата е всушност докторски труд на Славчо) на авторот Димитров.

Политичка филозофија на ранливоста.

Ранливост која не е пораз туку темел на нова заедница.

Меланхолијата како творечки контекст, а не болест.

Неред кој не е деструктивен туку е шанса и надеж.

И афектите.

Заедница која не е тоа што ни се прикажува и дава како некоја фиксираност туку како нешто што се создава како етичко и почитичко прашање.

Заедницата е афективна состојба која не ни дозволува да се заокружиме во својата индивидуалност.
Ништо не може да се предвиди.

Немаме фиксови.

Зошто пропаѓаат изблиците на желбата за слободаа, правда и мир какви што тука имавме оформено во феноменот на Шарената револуција?

Не е дека немало грешки на поединци и партии, но централнниот проблем е структурата и капацитираноста на самиот систем на се одбрани и да ги проголта аспирациите против себе, особено кога како либерален во нашата провинција се деформира во корпоративна грабеш и наци основа на патетиката како основа и инструмент на контролата.

Димитров зрачи како некаков Сократ.

Не знам што друго да кажам за овој голем и непофторлив ум.

Пред некој ден бев на промоцијата на еден исклучителен писател (Димитрие Дурацовски), вечерва бев на промоција на еден и единствен голем филозоф кој веќе сега е европски и светски калибар.

Убаво ми има тргнато!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

СДСМ води во Центар, ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и повеќето скопски општини

October 19, 2025

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

October 19, 2025

Мисајловски: Некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 50 градоначалници

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk