Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел нема да го нападне Иран и дека прекинот на огнот е на сила.
„Израел нема да го нападне Иран. Сите авиони ќе се свртат и ќе се вратат дома, додека му упатуваат пријателски „авионски поздрав“ на Иран. Никој нема да биде повреден, прекинот на огнот е на сила! Ви благодарам што обрнувате внимание на ова прашање!“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Тој додаде:
Иран никогаш нема да ги обнови своите нуклеарни објекти!
Во претходна објава, тој ги предупреди властите во Израел да престанат да го кршат прекинот на огнот и да гаѓаат цели во Иран.