Британскиот премиер Кир Стармер на прес-конференција на самитот на НАТО во Хаг рече дека зголемувањето на расходите за одбрана и безбедност на 5 проценти од БДП до 2035 година, ќе го направат НАТО „посилен, поправеден и посмртоносен од кога било“.
Тој информира дека Велика Британија ќе обезбеди „уште стотици одбранбени проектили“ за заштита на Украина, финансирани со пари од замрзнати руски средства наместо од британските даночни обврзници.
Велика Британија се обврзува да купи 12 нови борбени авиони F-35 A способни за носење нуклеарно оружје, што претставува „најголемо зајакнување на британската одбранбена позиција во една генерација“.
Иако новиот договор на НАТО за трошење не содржи експлицитна осуда на Русија, позициите на алијансата и Велика Британија за целосната инвазија на Москва врз Украина не се променети, нагласи тој.
На прашање за Доналд Трамп, Стармер изјави дека американскиот претседател е сигурен сојузник и оти САД ја известувале Велика Британија за „сите свои намери“ минатата недела за време на војната меѓу Израел и Иран, јави Би-Би-Си.
На новинарско прашање дали Британците треба дома да се подготвуваат во стилот како што се подготвувале за Студената војна, Стармер рече дека „акции поддржани од држава“ се голема закана, и Велика Британија мора сериозно да ги сфати.