Британската полиција апелираше за споделување информации, откако виолина вредна повеќе од 175.000 евра е украдена од паб во општината Излингтон во Лондон. Инструментот, којшто му припаѓа на член на Лондонскиот филхармониски оркестар, бил веројатно украден од пабот „Маркес таверн“, соопшти полицијата.
Полковникот Мајкл Колинс од полициската станица „Камден“ изјави дека полицијата ќе објави снимки од безбедносните камери за да се обиде да го идентификува осомничениот.
– Вложивме многу труд да го пронајдеме осомничениот и ги објавуваме овие снимки со надеж дека тоа ќе ни помогне да го идентификуваме што е можно поскоро. Се работи за неверојатно вреден предмет и непроценлив за жртвата на кражбата. Ве молиме, помогнете ни да го пронајдеме лицето одговорно за оваа кражба и вратете ја виолината на нејзиниот вистински сопственик, рече тој.
Жртвата на грабежот ѝ кажала на полицијата дека инструментот вреди повеќе од 175.000 евра и е направен во Фиренца, Италија, околу 1740 година