ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чупеска: Министерството за правда ја саботира реформската агенда, Филков негира – „предводникот” на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник

June 26, 2025 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Ана Чупеска алармираше дека власта покажува отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформската агенда, особено кога станува збор за судски реформи, што директно ја компромитира нашата европска перспектива.

Главна замерка упати до Министерството за правда, за кое рече дека како клучен ресор за судски реформи, одбива соработка, игнорира експертиза и системски ја поткопува правната држава, односно се занимава со сè само со реформи не.

„Принудени сме гласно да алармираме за катастрофалниот застој на реформиските процеси во нашата држава. Како одговорна опозиција, подадовме рака за соработка и државнички понудивме конкретна помош и сериозна експертиза за реализација на државните приоритети поврзани со реформискиот процес. Тоа беше и потврдено и на лидерската средба на лидерот Венко Филипче со премиерот Христијан Мицкоски што се случи во април“, истакна Чупеска.

Според неа, сведочат на отсуство на соработка со владините институции, особено со Министерството за правда, што додаде дека е злонамерна опструкција во однос на пакетот реформски закони.

„Работната група, која ја предводев по овластување од претседателот Филипче, исклучително и посветено работеше на законите. Но, ние се соочивме со перманентна нереспонзивност од Министерството за правда. Замислете, бевме упатени сами да ги обезбедуваме нацрт-законите од ЕНЕР, бидејќи Министерството одбиваше директна и суштинска соработка, односно размена на предлозите за кои постојано тврди дека ги разработува. Се прашуваме, дали воопшто постојат такви работни материјали“, кажа Чупеска.

Посочи дека за ова го информирале и евроамбасадорот во земјава, Микалис Рокас, а додаде и дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе иницира јавна расправа во својство на претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции.

Како СДСМ, Чупеска вели дека имаат суштински и многу сериозни забелешки за неколку законски решенија.

„На пример, Законот за Судскиот совет открива поразителна слика, затоа што од препораките на оценската мисијата, на пример, осум остануваат неадресирани, а три се само делумно имплементирани. Законот за Судски совет, ваков како што е ставен на ЕНЕР создава правен хаос, бидејќи текстот е полуготов, но, и целосно неусогласен со други релевантни закони. Со други зборови, ова решение што го ставиле на ЕНЕР, не е решение, туку е проблем, бидејќи изобилува со конфузија, како околу изборот на членови на Советот, така и околу низа други секвенци“, рече потпретседателката на СДСМ.

Се уште, како што додаде, постои проблемот со терминот „истакнат правник“, а во Законот за слободен пристап до информации се предлага воведување на тест за јавен интерес, решение што има намера за фактичко прикривање информации, имено, отвора врата за самоволие и цензура, наместо транспарентност.

„Кај Законот за прекршоците, несфатливо е како тоа не се предвидени доволно мерки за намалување на сообраќајните прекршоци, ниту пак системска работа со несовесните возачи. Предлагачот се фокусирал само на пенали, што е целосно неефикасно. Кај Законот за Јавното обвинителство, наместо да се заштити независноста на ЈО, се воведуваат решенија кои овозможуваат уште подиректно мешање на извршната власт“, вели Чупеска.

Од Министерството за правда реагираат на обвинувањата и прес-конференцијата на партијата од „Бихаќка“, истакнувајќи дека „предводникот” (Чупеска) на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник што укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија.

„СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Република Македонија. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевамe дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина, велат од МП.

Од ресорот предводен од Игор Филков велат дека остануваат посветени на реформите – не во интерес на поединци или тесни групи, туку затоа што тоа, како што истакнуваат, им го должиме на граѓаните. Се надеваат дека еден ден и СДСМ ќе успее да го види тоа.

„Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, имајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава“,велат од МП.

Во текот на работата, изминатите месеци беа разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако беа доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти. Никој нема да дозволи политички договори и мешање во судските институции.

Во однос на критиките за Законот за јавното обвинителство, укажуваме дека во текстот објавен на ЕНЕР имплементирани се сите препораки од реформската агенда. Дополнително, Законот, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители, ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија пред нивното финализирање и процесуирање во Владина постапка“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Го повикуваме СДСМ да престане со саботажите и да застане на страната на државните интереси, а не на партиските пресметки. Судството не смее да биде полигон за политички пазарења, туку независна гранка на власт која ќе обезбедува правда за сите граѓани.

„Тврдењата дека одбиваме соработка се лага, а обидите за блокада на реформите се обиди на СДСМ да го спречат напредокот поради сопствени партиски интереси“, велат од МП.

Д.М. / Цивил Медиа

Tags: Министерството за правдаЧупеска
Next Post

Од Поточари до Берлин: Без вистина нема правда, а без правда нема помирување

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk