ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

June 26, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, информираше денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на Левица Сашко Јанчев.

Како што појасни, интерпелацијата се темели на четири основи – селективна истрага за пожарот во Кочани; политичко влијание во работата на Обвинителството; функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство – Скопје; непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје.

Според Јанчев, селективноста во истрагата за пожарот во Кочани е очигледна. Вели опфатени се само поранешни носители на јавни функции во рамки на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи, но не и актуелните функционери на истите институции.

– Да се гонат бивши функционери, а не сегашните кои што имале законска обврска за да го зачувуваат редот е исто како за убиство да се гони производител на пиштол, а не тој којшто директно го повлекува чкрапалото. Па така, од истрагата изоставени беа одговорни лица кои треба да водат евиденција за давање одобрени за употреба на пиротехнички средства, актуелната началничка на ОВР Кочани Марија Цветановска Маневска, началникот на одделот за криминалистички работи во Кочани Томе Донев, кој ена функција повеќе од една година и е сликан во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ. ИЗоставена е главната инспекторка за економски криминал во Кочани, Христина Јованова и сменоводителот на критичната ноќ Драган Петрушев. Во ситуација кога под истрага беа бившата државна секретарка на Минситерството за економија и поранешниот директор на ДПИ, нејасно е зошто сегашниот државен секретар и сегашниот директор на ДПИ Влатко Стојкоски беа изземени од истрагата, вели Јанчев.

Во врска со вториот основ за политичко влијание врз Обвинителството, Јанчев посочи на јавната политичка конфронтација помеѓу Владата и Коцевски, во која беше најавена негова смена, но по трагедијата во Кочани постапката за негова смена беше стопирана.

– Недостигот од кворум во Советот на јавни обвинители и негативното мислење за смена на обвинителот по интервенцијата на премиерот, го поткрепуваат сомнежот за партиски пазар, рече Јанчев.

За функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство во Скопје, Јанчев го посочи случајот со обвинителите Хајрулахи и Цветановски, за што рече, го нарушува угледот на институцијата и ја покажува политичката инструментализација.

Пратеникот наведе дека републичкиот јавен обвинител, исто така, не постапил по дивоградбите на урбаната мафија во Чаир и ги игнорирал пријавите за дивите објекти и фалсификатите во Општина Чаир од страна на градоначалникот Висар Ганиу. Вели и покрај јавните обвинувања со документирани наводи за кривични дела изнесени од градоначалничката Данела Арсовска, Обвинителството не реагирало.

– Љупчо Коцевски е персонално одговорен за состојбите во обвинителството, согласно член 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, кој го обврзува да одговара пред Собранието за општите состојби во институцијата. Целта на интерпелацијата е донесување заклучок дека наводите се основани, кој потоа ќе биде доставен до Владата за да ја продолжи постапката за смена на обвинителот Коцевски, посочи Јанчев.

Tags: Kоцевски .интерпелацијаЛевица
Next Post

Муртезани: Позициите на Бугарија мора да се разделат од оние на останатите земји членки на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk