Ситуацијата на Блискиот Исток е критична и има многу барања за деескалација на тензиите, но сосема е јасен фактот дека на Иран не смее да му се дозволи да развие нуклеарни капацитети, изјави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел
– Мораме да бидеме сигурни дека прекинот на огнот се почитува, но исто така мораме да работиме и на прекин на огнот во Газа, за да се овозможи влез на хуманитарна помош за сите оние на кои таа им е очајно потребна, како и за ослободување на сите заложници, рече Мецола.
Таа ги поздрави резултатите од вчерашниот Самит на НАТО во Брисел на кои беше договорено зголемување на трошоците за одбраната, но нагласи дека сега и ЕУ ќе мора да ја заврши својата „домашна задача“ во тој дел.
Мецола најави дека следната недела ќе започне т.н. тријалог за усогласување на регулативата на ЕУ за набавки во одбраната, изразувајќи надеж дека договор за нејзината содржина ќе биде постигнат до крајот на годината.