ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

June 27, 2025 08:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици.

– Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори нема да влијае врз тие позиции. Нема да влијае врз нашето очекување за предвидливост, нема да влијае врз нашето очекување дека кога нашиот сосед бара од нас одредени промени во делот на малцинските права, треба да очекува дека и ние ќе имаме некои очекувања дека од нивна страна ќе се почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), нашето очекување за поголема јасност во европските документи дека нема повторно да бидеме доведени во иста ситуација. Не е ова прва отстапка што се бара од нашата држава од ваков вид и да, процесот на европска интеграција на сите земји во сите фази на проширување бил тежок и комплексен, но ниту еден не бил како што е македонскиот случај и од таа гледна точка, не очекувам по локалните избори да има промена по однос на позицијата што ние како држава ја имаме по ова прашање, вели Муцунски во интервју за „360 степени“.

Актуелната власт, псоочува шефот на дипломатијата, е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Дополнително, вели тој, за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство да биде предвидлив.

– Да знаеме дека доколку одлучиме да донесеме некоја крупна одлука којашто е тешка, којашто е комплексна и создава поделби во нашето општество, таа ќе биде последна од таков вид. Посебно по развојот на состојбите во рамките на АФЕТ, станува сè поочигледно, дека не се работи за уставни измени, туку за нешто покомплексно, посебно кога е во прашање односот на Бугарија кон македонското прашање – однос којшто навлегува во теми во коишто е неприродно да се навлегува во 21. век, посебно меѓу два НАТО-сојузника. Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање, вели Муцунски.

Министерот кажа и дека во сложено време на геополитичките состојби, безбедносно-стратешко прашање за Европската Унија е да го интегрира целосно регионот на Западен Балкан во Унијата и дека ЕУ треба да покаже дека нема да дозволува поединечни земји членки да ја попречувааат таа стабилност поради идентитетски прашања.

Тој најавува засилен процес на објаснување дека е застрашувачки како една земја членка на НАТО, свесно или несвесно, навлегува во наратив на дестабилизција на регионот, кој барем на европско тло и одговара единствено на Русија.

– Одговорноста во моментот е на нас, да се наоѓа решенија и компромиси и веќе една година работиме на тоа… Од наша страна постои искрена и посветена желба за компромиси. За жал, во последната година, таква желба од страна на Бугарија не видовме, да бидеме целосно искрени во еден период немаше ни влада, но во последните месеци дури има легитимна политичка влада во Софија не може да се види желба, вели Муцунски и додава дека ЕУ треба да го зграпчи геополитичкиот момент.

СДСМ оценува дека однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија, се наведува во партиското соопштение.

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер.

Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација, истакнуваат од СДСМ.

Tags: модерен македонски јазикМуцунски
Next Post
Пожар, илустрација. Фото: ВИ

Стан изгоре во пожар во Делчево

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk