На плочник – Градски ѕид кај Клуб на новинари, вечерва, ќе се одржи „Центарска симфонија“, информираат од Општина Центар. Како што се наведува во соопштението, на настанот ќе бидат интерпретирани дела од македонската, но и од светската филмска музика во изведба на камерен оркестар со специјален гостин Александар Тарабунов.
– Со настани како „Центарска симфонија“ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар, стои во соопштението.
Настанот е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција. Влезот е слободен.