Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осуди исказите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во соопштението ААВМУ потсетува дека политичарите и носителите на јавни функции имаат обврска да бидат пример за достоинствена и одговорна комуникација.
Агенцијата предупреди дека изјави кои поттикнуваат омраза можат да имаат сериозни последици и да доведат до дела мотивирани од омраза.
-Апелираме да се почитува слободата на медиумите и новинарите. Доколку политичарите имаат забелешки на медиумските содржини, постојат институционални механизми преку кои можат да реагираат, се наведува во соопштението на ААВМУ.
Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов му упати клетва и закана за одмазда на Драган Павловиќ Латас, бидејќи на еден потксат го споменал името на неговиот починат татко во негативна конотација како коцкар.
Поврзано:
Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема