Сите пациенти ја добиваат потребната терапија и достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, соопшти попладнево Министерството за здравство пренесувајќи ја информацијата од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).
– Лекот „paclitaxel“ е навреме нарачан од Клиниката, но, заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на Клиниката. За „paclitaxel“ има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е „docatexel-от“. Исто така, лекот „еrlotinib“, се заменува кај пациентите со „gefitinib“, кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден, се наведува во пишаната изјава на проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.
Прочитајте и…
СДСМ: Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија