ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала

July 1, 2025 14:17
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување,  Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, денеска на прес-конференција информираа за три новини во работата на Фондот – два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, како и поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала. Тие рекоа дека станува збор за значајни новини, што директно го подобруваат пристапот и квалитетот на здравствените услуги за осигурените лица.

Двајцата директори истакнаа дека Фондот за здравствено осигурување со новите мерки во интерес на осигурениците, работи на подобрувања во пристапот до лекови, рехабилитација и ортопедски помагала. Притоа појаснија дека како прво, има два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа.

– На позитивна А листа се вклучуваат два лека ароматаза инхибитори (letrozole, anastrazole).  Овие два лека се употребуваат во третман на рак на дојка и ги употребуваат околу 2.500 лица. Двата лека досега се издаваа во Клиниката за онкологија и радиотерапија, отсега тоа ќе биде во аптеките, со рецепт. Промената е на барање и на пациентите и на Клиниката, за да се намали товарот на пациентите и на клиниката. Пациентите досега мораа да дојдат во клиниката во Скопје да го подигнат и само процесот во клиниката одзема 2-3 часа. Од друга страна  во клиниката тоа генерира пример во 2023 година 11.437 прегледи и тесни грла на најмалку 5 точки. Шалтер за проверка на упат и осигурување,  амбуланта за препис на терапија,  шалтер за креирање на документација за ФЗОМ, шалтер за издавање на терапија (дневна болница за таблетарна терапија), клиничка болничка аптека за подигање и евиденција на лекот, рече Клековски на прес-конференцијата.

Како што посочи, со  мерката директно се придонесува кон подобрување на пристапноста и олеснување на третманот за онколошките пациенти, особено за жените со рак на дојка и истовремено се растоварува Клиниката за онкологија и радиотерапија од непотребна администрација.

– Како второ, измени на Правилникот за медицинска рехабилитација – поддршка за хронично болни осигуреници. Со измената на член 12 од Правилникот за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, се проширува рокот во кој осигурените лица можат да ја остварат рехабилитацијата. Имено, на предлог на Националното здружение за поддршка на лица со мултипла склероза, како и здравствени установи и пациенти, осигурениците кои имаат право на рехабилитација врз основа на контролен преглед и специјалистички извештај, ќе можат да ја искористат рехабилитацијата во рок од 6 месеци од денот на издавање на решението, наместо досегашните 2 месеци,  истакна Клековски.

Притоа нагласи дека оваа промена е без финансиски импликации по буџетот на Фондот, но е од особена важност за лица со хронични заболувања и бавен, прогресивен тек на болеста. Таа овозможува поголема флексибилност во времето на користење на услугата, според индивидуалните медицински потреби и состојбата на пациентите.

– Станува збор за осигурени лица со следни дијагнози, мултипла склероза, церебрална парализа, плегии и парези, ревматоиден артрит, онколошки заболувања кај деца, хемофилија и други болести на крвта. Со оваа измена се демонстрира поголема грижа и чувствителност кон ранливите категории на пациенти,  подвлече Клековски.

Притоа појасни дека со измени на правилникот за ортопедски и други помагала, се работи на поголем опфат и современа поддршка.

Третата важна новина,додаде, се однесува на усвоените измени и дополнувања на правилникот за индикации за ортопедски и други помагала, кои биле резултат на директна комуникација со здруженија на пациенти и професионални здруженија. Измените имале за цел да обезбедат поширок пристап до неопходни помагала за осигурените лица, како и воведување на нови, посовремени средства што придонесуваат за подобрување на нивниот квалитет на живот.

– Конкретно, со измените се предвидува, вклучување на дијагнозата Б91 – секвели од полиомиелит во индикациите за добивање инвалидска количка, проширување на правото за дијагнози G11, G12 и Q05 (атаксија, спинална мускулна атрофија, спина бифида) за добивање специјализирана инвалидска количка, вклучување на лица со дијагноза G12 за право на антидекубитално перниче, воведување на ново ортопедско помагало – хидрауличен зглоб за колк (шифра 1317), за лицата со хемипелвектомија, достапен за сите возрасни категории, појасни Клековски.

Со овие измени, како што  кажа, Фондот испраќал јасна порака дека останува отворен за соработка со здруженијата на пациенти и дека континуирано работи на унапредување на правата и условите за здравствено осигурување, во интерес на секој поединец.

– Фондот за здравствено осигурување останува посветен на постојано унапредување на услугите за осигурените лица, водејќи се од принципите на достапност, правичност и квалитет во здравствената заштита,  порача Клековски на прес-конференцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: онколошки лекови

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk