При тешкотии со варењето на храната и запек, одредени намирници како сливи, суво грозје и суви кајсии, може да помогнат во решавањето на овој проблем. Ново истражување на Кралевиот колеџ во Лондон, Велика Британија, покажаа дека оваа храна е особено благотворна во оваа смисла.
Здравственото списание „Медикал рисрч“ (Medical Research) пишува дека во испитувањата учествувале 150 луѓе со хроничен запек. Тие биле поделени во три групи: Лицата од првата јаделе 85 грама суво овошје дневно, вторите пиеле сок од споменатото овошје и оние од третата еден месец земале плацебо-контролна засладена вода.
Иако и пиењето сок било корисно, испитаниците кои консумирале суво овошје покажале најдобри резултати. Тежината на нивната столица се зголемила за 21 грам дневно, велат лекарите.
– Луѓето кои јадеа суво овошје имаа пополна столица од оние кои земаа плацебо, а и тежината на нивната столица значително се зголеми. Тие беа и позадоволни, без никакви значајни несакани последици. Вистина е дека сувото овошје содржи многу шеќер, но тој се наоѓа во растителните клетки и затоа на нашето тело му треба време да го разгради тој шеќер, изјави д-р Сајмон Стинсон.
Сливите, сувото грозје и сувите кајсии се добри за варењето бидејќи содржат големи количини растителни влакна. Секако, треба да се внимава. Ако се јадат во прекумерна количина, можни се и несакани последици.