Големата сензација на почетокот на Вимблдон ја приреди италијанската тенисерка Елизабета Кочарето, која ја елиминираше третата тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула, со 2:0 во сетови, за само 58 минути игра.
Италијанката е рангирана на 116-то место на ВТА листата, а вкупно загуби пет гема од противничката во целиот натпревар (6:2, 6:3).
Пегула е во добра форма во последно време, освојувајќи го турнирот во Бад Хамбург, но не личеше на себе во овој натпревар, пишува Спорт Клуб.
Имаше само пет винери и дури 24 неизнудени грешки.
Американката минатата година играше во финалето на Отвореното првенство на САД.
Редакција Фронтлајн