Поради интервенции во водоводна мрежа на улицата „Петрит Бомова” во Дебар, денеска и во следните неколку дена по пет часа без вода ќе биде стариот дел на градот, додека поради планирани интервенции во електромрежата денеска без струја шест часа е речиси целиот град и неколку населени места.
-Во рамки на целосната реконструкција на улицата „Петрит Бомова” вршиме замена на старите водоводни цевки. Поради тоа без вода се жителите на горниот дел од градот, (висока зона) поточно повеќе улици, населбата „Вакоф” и сите улици во близина на ООУ „Саид Најдени”, како и патот до граничниот премин „Блато”, информираа од ЈКП „Стандард”.
Додаваат дека прекинот во снабдувањето е во период од 8 до 13 часот и ги замолуваат граѓаните за разбирање и трпение.
Од 8 до 14 часот денеска без напојување со електрична енергија е речиси цел Дебар, освен дел од населба „Венец” и околината на Дебарското Езеро. Без струја се и населеното место Бомово, Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарско Бањи-Цапа”, во истото село, како и граничниот премин „Блато”.