ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 2, 2025 10:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Кога немаат што да понудат – нè пребројуваат. Кога политичарите остануваат без идеи, без визија, без план – го вадат од џебот џокерот: попис. Не како статистичка операција, туку како етничка запалка. Во предизборно време, оваа тема повторно влегува во јавниот дискурс, и не за да добиеме подобри податоци, туку за да добиеме полоша атмосфера.

Додека цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, а сиромаштијата станува секојдневие, политичарите дебатираат за – попис. И тоа не кој било, туку електронски. Виртуелен, дигитален, модерно пакуван, но со стари, провидни намери.

Македонија, држава каде што веќе станува луксуз да се купи леб, млеко и паштета, сега сака да ги преброи своите граѓани. Не за да им помогне, туку за да ги запише во некоја електронска база. Додека народот брои денови до следната плата – државата брои етнички квоти.

Онлајн можеме да ги видиме цените. Секој ден – нови шокови: домати, пиперки, лубеница како луксузен производ, сирењето со цени како швајцарска плата. Но, онлајн ќе биде и пописот – дигитална играчка во рацете на политички елити кои повторно ни нудат замена за реална политика.

Најавата за електронски попис во Македонија изгледа технички напредна, но суштински е политички мотивирана. Особено кога се знае дека Уставниот суд неодамна ги укина категориите „резиденти“ и „нерезиденти“, отворајќи простор за нови етнички пресметки и бројки што никогаш не биле само бројки, туку алатка за поделба, за конфликти, за уцени. Ние остануваме заложници на државата што нема план како да нè нахрани, ама има алгоритам како да нè изброи.

Политичките елити не се заинтересирани за пописот како инструмент за планирање – тие се заинтересирани за пописот како инструмент за манипулација. Колку Македонци, колку Албанци, колку Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи… но никој не прашува: колку луѓе заминале од државата? Колку деца се иселиле и ако имавме сериозна држава ќе имавме аларм дека за вториот упис има над 16.000 празни места во средните училишта.

Наместо попис на реалноста, добиваме попис на илузии. Во држава во која сиромаштијата расте, здравството тоне, младите заминуваат, пописот стана политичка забава за маси, од која профитираат само политичките партии. Иако никој не сака да признае, сепак пописот е само уште една форма на кампања – маскирана како „државна обврска“.

И не е страшно што сме гладни – страшно е што тие мислат дека ние тоа нема да го забележиме. Ни фрлаат теми како попис, како фрлање коска пред осиромашени гладијатори. А ние треба да се степаме по етнички линии, додека политичките профитери живеат во „нерезидентски“ луксуз.

Во нашата земја, електронски ќе се обидат да нè попишуваат, но во реалноста (ќе) нè брише гладот.

Изборите се ближат. И кога нема визија, се нуди поделба. Кога нема развој, се нуди конфликт. И кога нема идеи – се нуди попис.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Уставните измени, клучната врата за интеграција на Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk