Актерот Здравко Стојмиров од Народниот театар – Битола ја освои наградата за најдобар актер на 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“, што се одржа од 23 до 30 јуни 2025 година во Поградец, Албанија, објави битолскиот театар.
Стојмиров се претстави со монодрамата „Фетишист“, по текст на Мишел Турние, во негова режија, во продукција на НУ Народен театар – Битола. Признанието доаѓа како потврда за квалитетната работа и уметничката посветеност на актерот екипата на битолскиот театар, која успешно се афирмира и надвор од границите на земјата.
Жирито на фестивалот беше составено од реномирани театролози и режисери: Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари.
Голема чест за НУ Народен театар – Битола и за актерот Здравко Стојмиров.
Му посакуваме уште многу успешни изведби и нови награди на национални и меѓународни сцени!
Оваа награда претставува уште едно признание за македонската театарска сцена и нејзиното значајно место на интернационалната мапа на современа драмска уметност.