ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Нова странска инвестиција на Гентерм вредна над 30 милиони евра, расте довербата во нашата економија

July 3, 2025 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Потенцира дека ова е уште еден показател оти земјава  станува сигурна дестинација за долгорочни стратешки технолошки напредни инвестиции. Со вакви проекти, нагласи, расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд.

-Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоеката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестнација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе извнесува повеќе од 30 милиони евар, со нови до 300 вработувања. Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство. Ова, смета тој, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, нагласи премиерот, стануваме регионален хаб на Гентерм за Европа.

-Ова не е само уште една инвестиција ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд. Резултатите се забележителни и се гледаат, истакна премиерот Мицкоски.

Потсети дека минатата година земјава ја заврши со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1 милијарда 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата, нагласи, немало ваков прилив на капитал. Исто така, напомена дека во првите месеци од годинава расте индустриското производство, за во мај да се забележи историски највисоко нив во последната деценија во висна од 9,4 проценти.

Tags: ГентермМицкоскистранска инвестиција
Next Post

Андоновски: Обезбедени 120 нови дигитални услуги, 70 поврзани институции и прв Закон за сајбер безбедност

НАЈНОВО

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk