Изборната кампања за Претставничкиот дом на Јапонија, или Горниот дом на парламентот, официјално започна денеска, објавија јапонските медиуми.
Иборите закажани за 20 јули се клучен тест за јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и неговата малцинска влада, бидејќи гласачите се борат со растечките трошоци за живот.
Горниот дом има 248 членови, а изборите се одржуваат на секои три години за избор на половина од местата.
Ишиба постави цел владејачката коалиција на неговата Либерално-демократска партија и Комеито да го задржи мнозинството во горниот дом, што значи дека ќе мора да освои најмалку 50 места на претстојните избори на кои се избираат 125 членови, 124 или половина од Горниот дом и еден за да се пополни слободното место во другата половина.
Владејачката коалиција на Јапонија моментално има вкупно 75 места во Претставничкиот дом.