Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Иван Аџиевски „Beauty spot III“.
Како што информира Центарот за современи уметности Скопје, „Beauty Spot III“ опфаќа 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжение на претходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти претставени на изложбите „Beauti spot I“ и „Beauti spot II“. Секоја слика има различна претстава на темата со ново искуство доживување и енергија.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар
Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година. Завршил Правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба „BEAUTY SPOT“.