ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа ароганција и негрижа за настраданите од трагедијата во Кочани

July 8, 2025 06:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зарем државата треба да дозволи само на донациите од граѓаните да се сведе целата поддршка на настраданите од Кочани, тоа е срам за власта, срам за владата, а тоа што денес го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е срам за Собранието, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тренчевска нагласи дека државата не одвојува средства, за настраданите и за нивните семејства – жртви во една од најголемите трагедии во државата.

„Семејствата секојдневно ги гледаме како протестираат низ улиците на Кочани. Имаме 62 млади животи згаснати и 200 млади коишто најголем дел се со траен инвалидитет, а во Буџетот  има само 30 милиони денари за поддршка и помош на настраданите во Кочани, тоа го потврди самата министерка за финансии, а тоа се малку пари” рече Тренчевска.

Таа истакна дека не се работи само за обесштетување, се работи за континуирана здравствена заштита, за социјална заштита, за сето она, што особено на повредените, во овој момент најмногу им треба.

„Од тие причини го поднесовме амандманот, кој за жал не наиде на одобрување од мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН и многу ми е криво дека денес не сфатија дека граѓаните на Кочани, семејствата на настраданите заслужуваат поддршка од Владата и не го изгласаа амандманот”, нагласи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека СДСМ нема тука да застане во напорите за помош и поддршка на настраданите во Кочани, откако и Предлог-законот поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е блокиран во комисијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може власта со 30 милиони денари да ги поддржи семејствата и оние 200 млади луѓе од Кочани кои што се повредени за време на пожарот и кои што имаат итна потреба од финансиски средства, а материјалите и медицинскиот материјал во голем дел им го обезбедува невладината “Поддршка за Кочани” рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Tags: ВладаКочаниТренчевска
Next Post

Петрушевски: Да не се злоупотребува трагедијата од Кочани, ќе има институционална и системска поддршка и сите потреби ќе бидат обезбедени од државата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk