ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денешниот ден е пократок од вообичаеното

July 9, 2025 14:17
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Денешниот ден ќе биде малку пократок од вообичаеното, за нашата планета. Имено, се очекува Земјата денеска да ја заврши својата целосна ротација за приближно 1,3 милисекунди помалку од стандардните 86.400 секунди што чинат 24-часовен ден, според предвидувањата засновани на астрономски набљудувања.

Феноменот може да се измери само со помош на атомски часовници, коишто се доволно прецизни за да забележат варијации од илјадити делови од секундата. Иако незабележлива за луѓето, таа мала временска отстапка е збунувачка за научниците. До 2020 година, најкраткиот ден забележан од атомските часовници – беше 1,05 милисекунди покус. Оттогаш, Земјата „го урива тој рекорд секоја година за приближно половина милисекунда“, се наведува во текстот. Најкраткиот ден забележан беше на 5 јули 2024 година, кога Земјата ја заврши својата ротација 1,66 милисекунди побрзо од нормалното време, пишува „Си-би-ес 8“.

Научниците ги мерат овие мали дневни варијации како „должина на денот“ – „ЛОД“, што претставува колку милисекунди над или под рамката од 86.400 секунди ѝ се потребни на Земјата за да заврши едно свртување околу себе.

Положбата на Месечината влијае на овие краткорочни варијации. Земјата се врти побрзо кога Месечината се наоѓа далеку северно или јужно од екваторот на планетата. Долгорочните промени во брзината на вртење на планетата во голема мера произлегуваат од тоа како јадрото на Земјата дејствува на непредвидливи начини, велат истражувачите.

Но, трендот на забрзување можеби го достигнува својот врв. Леонид Зотов, стручњак за ротацијата на Земјата на Московскиот државен универзитет, минатата година предвиде дека Земјата ќе почне да забавува, иако според некои научници, тоа сè уште не се случило.

– Мислам дека го достигнавме минимумот. Порано или подоцна, Земјата ќе забави, изјави тој.

Се очекуваат уште два претстојни пократки дена оваа година – 22 јули и 5 август, при што се очекува последниот да биде најкраткиот – со 1,51 милисекунди помалки.

Next Post

(ВИДЕО) „Блек Сабат“ и Ози Озборн собраа скоро 200 милиони долари добротворни средства

НАЈНОВО

Иран негира вмешаност во антисемитски напади во Австралија

August 26, 2025

Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

August 26, 2025

Шукова: Центарот на Скопје ќе стане пешачка и велосипедска зона, без автомобили

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk