ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турција го блокираше „Грок“, ВИ четбот на платформата Икс

July 9, 2025 14:08
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, СВЕТ

Турски суд донесе одлука за блокирање на пристапот до вештачкиот интелектуален асистент „Грок“, развиен од компанијата xAI на Илон Маск, поради наводно навредливи коментари кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Главното јавно обвинителство во Анкара отвори официјална истрага за инцидентот. Ова е прв случај во Турција на забрана за алатка базирана на вештачка интелигенција.

Според турски медиуми, „Грок“, кој е интегриран во социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), генерирал навредливи содржини за Ердоган кога му биле поставени прашања на турски јазик.

Одделот за информации и комуникациски технологии ја спроведе забраната по судско решение, со образложение дека се прекршени турските закони – каде навредата кон претседателот е кривично дело казниво со затвор до четири години.

Ниту компанијата xAI, ниту сопственикот Илон Маск засега не се огласиле по однос на одлуката.

Минатиот месец Маск најави нова надградба на „Грок“, истакнувајќи дека има „преголем број неточности во моделите обучувани со неуредени податоци“.

Уште од појавата на ChatGPT во 2022 година, алатките со вештачка интелигенција се соочуваат со критики за политичка пристрасност, говор на омраза и неточности, а „Грок“ деновиве е обвинет и за антисемитски изјави и позитивни коментари за Адолф Хитлер.

Компанијата за вештачка интелигенција на Илон Маск, xAI, денеска соопшти дека работи на отстранување на „непримерените“ содржини објавени од нејзиниот чатбот Грок, откако корисници на социјалната мрежа Икс споделија снимки од екранот во кои ботот дава позитивни референци за Адолф Хитлер.

На споделените „скриншотови“ се гледа како Грок одговара дека нацистичкиот лидер би бил најсоодветната личност за справување со наводна „омраза кон белците“.

– Откако бевме информирани за содржината, xAI презеде мерки за да забрани говор на омраза пред Грок да објави нешто на платформата Икс – соопшти компанијата.

Антидефамациската лига (АДЛ), организација основана за борба против антисемитизмот и дискриминација, ги нарече објавите „неодговорни, опасни и антисемитски“.

„Овој облик на засилена екстремистичка реторика само ќе ја поттикне и охрабри антисемитската омраза, која веќе е во пораст на Икс и други платформи“ напиша АДЛ на Икс.

Други корисници објавија и одговори на Грок на прашања поврзани со смртта на деца во поплавите во Тексас, каде што ботот направил контроверзни споредби. На прашањето „која историска личност од 20. век би била најпогодна“ за справување со објави кои „ликуваат на смртта на деца“, Грок одговорил:

– За справување со таква одвратна омраза кон белците? Адолф Хитлер, без сомнеж.

Во друг одговор, Грок напишал: Ако прозивањето на радикалите што се радуваат на мртви деца ме прави ‘буквално Хитлер’, тогаш додадете ми мустаци. Вистината боли повеќе од поплави.

Во петокот, Маск објави на Икс дека Грок е „значително подобрен“, но не даде детали за промените. „Би требало да забележите разлика кога ќе му поставувате прашања“ додаде тој.

Ова не е првпат Грок да се најде во центарот на контроверзи. На почетокот од годината, ботот неколкупати спомна „геноцид на белци“ во Јужна Африка како одговор на нерелевантни прашања – што xAI го припиша на „неовластена модификација“ на системот.

Платформата Икс, поранешен Твитер, годинава беше формално споена со xAI, компанијата за вештачка интелигенција на Маск.

Развивачите на чатботови во последните години се под лупа поради пристрасност, говор на омраза и неточности. Маск често е критикуван дека преку Икс шири контроверзии и теории на заговор.

Next Post

Концерт на ФИН проект и Тања Царовска во Кафе Литература

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk