ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

GEA: Застапеноста на жените во извршната власт е речиси симболична – Каде се жените во политиката?

July 10, 2025 10:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Македонија годинава направи историски чекор со изборот на првата жена-претседател, жените и понатаму се значително недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа.

Во пресрет на претстојните локални избори, кога се составуваат кандидатски листи за градоначалници и советници, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA направи анализа на историските податоци за учеството на жените во политиката во земјата.

„Еднаквото учество на жените во политичкиот живот не е само прашање на демократија, туку и на ефективно и инклузивно управување“, порачаа од GEA. Тие потсетија дека во европски контекст, повисоката застапеност на жени е поврзана со потранспарентни институции, поефикасни политики и поголема доверба кај граѓаните.

Од 3% до 40% – но само на хартија

Според анализата на GEA, на првите парламентарни избори од 1990 до 2001 година, жените во Собранието биле застапени со скромни 3,3% до 7,5%. Промени настапуваат со воведувањето на квотите во 2002 година, кои бараа најмалку 30% застапеност на помалку претставениот пол на изборните листи. Тој процент бил зголемен на 40% во 2015 година.

Но, и покрај квотите, реалната моќ на жените често е лимитирана. „Иако има жени на изборни листи, тие се поставени на позиции со мала веројатност за избор, што ја ограничува нивната застапеност во носењето одлуки“, велат од GEA. Тие укажуваат дека во 2024 година, процентот на жени-кандидатки паднал на 39,2%, за разлика од 41,7% во 2021 и 2022 година.

Локалната власт – машка тврдина

Најпоразителна е состојбата на локално ниво. Во 2021 година, на целата територија на земјата биле избрани само две градоначалнички. Бројот на жени-кандидатки варирал низ годините – од 13 во 2009 до 32 во 2013 година – но реално, доминацијата на мажите останува. Во 2009, на пример, не била избрана ниту една жена за градоначалничка.

„Дали квантитетот значи и квалитетно учество? Жените во политиката сè уште се соочуваат со структурни бариери, традиционални стереотипи и недоволна поддршка за лидерски позиции. Прашањето што останува е: Дали Македонија ќе создаде политички систем во кој жените ќе имаат еднаков глас во носењето политички одлуки?“ – прашуваат од GEA.

Извршната власт не следи пример

Застапеноста на жените во извршната власт е речиси симболична. Во периодот од 2017 до 2022 година, жените во Владата учествувале со само четири министерски позиции, што е максимумот до сега – односно 16,7%.

GEA предупредува дека, иако постојат законски квоти за парламентот, таква обврска не постои за владините позиции или за градоначалници, па затоа застапеноста на жените останува случајна и несистемска.

Повик за доследна примена и дополнителни механизми

Алијансата нагласува дека квотите се ефикасни само доколку се спроведуваат доследно и се поддржани со други политики. „Македонија, иако е блиску до европските стандарди, треба да размисли за засилување на мерките за спроведување на квотите, како и за дополнителни механизми кои ќе гарантираат дека жените не само што се присутни, туку и активно учествуваат во креирањето на политиките“, порачуваат од GEA.

Целото соопштение од GEA интегрално:

„И покрај историскиот чекор што го направи земјата со изборот на првата жена-претседател, податоците покажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа.

Во пресрет на локалните избори кога се спремаат листите за градоначалници и советнички листи, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA ги анaлизираше достапните историски податоци за застапеноста на жените во политичкото одлучување во Македонија.

Еднаквото учество на жените во политичкиот живот не е само прашање на демократија, туку и на ефективно и инклузивно управување. Во Европа, зголемувањето на застапеноста на жените во парламентите и владите се смета за клучен чекор кон поправедно општество и подобро носење одлуки. Според Европската комисија, земјите со повисоко учество на жени во политиката имаат потранспарентни институции, поефикасни политики за социјален развој и поголема доверба кај граѓаните. Во контекст на европските стандарди, ЕУ постави јасни цели за зголемување на бројот на жени во политичките и извршните функции, што покажува дека Македонија не е изолирана во овој процес.

Но, колку е Македонија блиску до европските трендови? Како се движи учеството на жените во политиката низ годините и каде постојат најголемите предизвици?

На првите парламентарни избори во Македонија во периодот од 1990 до 2001 година, застапеноста на жените во парламентот изнесувала помеѓу 3,3% и 7,5%. Овој предизвик бил решаван преку низа законски измени. Со Законот за избор на пратеници од 2002 година, била воведена квота која гарантира најмалку 30% застапеност на помалку претставениот пол на кандидатските листи. Подоцна, со измените на Изборниот законик во 2006 година, било предвидено дека во секоја поднесена кандидатска листа за пратеници, најмалку едно од секои три места треба да му припаѓа на помалку застапениот пол. Овој механизам значително придонесе за зголемувањето на бројот на жени во законодавното тело, особено по 2002 година, кога застапеноста скокна од 6.7% на 17.5%, а потоа и на над 30% во наредните години. Во 2014 година, законот бил дополнително унапреден со одредба според која, доколку избрана пратеничка го прекине својот мандат, нејзиното место го зазема следната жена од листата. Во 2015 година, квотата за застапеност на жените во кандидатските листи била зголемена на 40%, односно  најмалку 40% од кандидатите на изборните листи да бидат жени со што се направил уште еден чекор кон унапредување на родовата еднаквост во политичката сфера.

Сепак, и покрај овие квоти, забележливо е дека нивната имплементација не секогаш гарантира ефективно учество на жените во носењето одлуки. Иако на изборните листи има номинирани жени, честопати тие се поставени на позиции со помала веројатност за избор, што ја ограничува нивната реална застапеност. Во 2024 година тој процент опаѓа на 39.2%, во споредба со 41.7% застапеност во 2021 и 2022 година.

Во европски контекст, квотите за родова еднаквост се покажаа како ефикасна мерка во земјите каде што се спроведуваат доследно и се комбинираат со други политики за поддршка на женското лидерство. Македонија, иако е блиску до европските стандарди, треба да размисли за засилување на мерките за спроведување на квотите, како и за дополнителни механизми кои ќе гарантираат дека жените не само што се присутни во парламентот, туку и активно учествуваат во креирањето на политиките.

Доколку за националниот парламент постојат законски квоти кои придонесуваат за подобрена застапеност на жените, истата обврска не важи за жените на позиции во националната влада или за градоначалници. Кога се разгледуваат составите на сите Влади, најчесто жените се застапени со две или три позиции, додека во периодот од 2017 до 2022 година, нивната застапеност достигна четири места односно највисоко учество до сега од 16.7% (извор: Жените и мажите во Северна Македонија, 2025).

Но, кога ќе се надоврзат и локалните избори, состојбата е поразителна. Избрани беа само две градоначалнички на ниво на цела држава во 2021 година. Бројот на жени кандидатки за градоначалнички варира значително од изборен циклус до изборен циклус и се движи од 13 во 2009 до 32 во 2013 година. Од друга страна, кога станува збор за избрани градоначалници и градоначалнички, јасно се гледа дека мажите доминираат во локалната власт.

Во 2009 година, на пример, не беше избрана ниту една жена за градоначалничка. Во 2017 година беше забележан мал напредок со 6 избрани жени градоначалнички, за да во 2021 година тој број повторно падна на 2.

„Но дали квантитетот значи и квалитетно учество? Жените во политиката сè уште се соочуваат со структурни бариери, традиционални стереотипи и недоволна поддршка за лидерски позиции. Прашањето што останува е: Дали Македонија ќе создаде политички систем во кој жените ќе имаат еднаков глас во носењето политички одлуки? “ – велат од Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.

Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, инаку иницирана од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија (АЕТСМ), работи кон создавање на инклузивна култура во која секој е еднакво вреднуван за својот придонес.

Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје,  А1 Македонија, Сава Пензиско, и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и Сава Осигурување, Евроинс Осигурување, Publicis Groupe, Property One Group, Aristocrat, и Avenga Academy.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: GEAзастапеност на жени

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За национализмот и патриотизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk