„Факт е дека врз Бошњаците се спроведува десеттата фаза од геноцидот, што подразбира негирање. Јасно е дека официјалната српска политика во Белград намерно учествува во овој нехуман и нечесен чин насочен против Бошњаците“, пишува Адмир Лисица, регионален истражувач за политички односи и историчар од БиХ, на својот Фејсбук профил.
Лисица во својата колумна за Радио Сараево, зборува за геноцидот и територилајната експанзија кон Босна и Херцеговина, по повод одбележувањето 30 години од геноцидот во Сребреница.
„Целта на геноцидната српска политика беше да се елиминираат Бошњаците како социо-политички фактор во овој регион, а Бошњаците денес се политички народ, не само во Босна и Херцеговина, туку и политички бранејќи ги своите интереси во парламентите/собранијата/советите на Србија, Црна Гора, Косово и Хрватска.
Воените злосторници од военото и политичкото раководство на Република Српска никогаш не сонувале дека Бошњаците ќе соберат сила и храбро ќе се справат со современите политички предизвици, вклучително и со претходно споменатата десетта фаза од геноцидот.
Самиот факт дека Бошњаците се издигнаа политички и интелектуално по геноцидот укажува на победа, и затоа, во контекст на дејствувањето на бошњачката интелектуална елита и политичките претставници, предлагам да започне постепена промена во парадигмата на дејствување.
Војската на Република Српска изврши геноцид врз Бошњаците, но наместо наративот на жртвата, попотребно е да се истакне храбриот и победнички подем на Бошњаците, кои не се предадоа по геноцидот, туку напротив, и покрај сите пречки, успеаја да ја зачуваат државата Босна и Херцеговина, но и да ја прошират својата политичка борба надвор од нејзините граници“, пишува Лисица споделувајќи ја својата колумна.