Неколку илјади учесници кои учествуваа во „Маршот на мирот“ пристигнаа во Поточаре синоќа -10 јули.
На 8 јули, тие тргнаа од Незук, во близина на Тузла, на стокилометарско патување кон Сребреница, со цел да им оддадат почит на жртвите од геноцидот извршен во 1995 година во заштитената зона на Обединетите нации (ОН).
Тие пешачеа три дена по истите патеки што луѓето од Сребреница ги користеа во јули 1995 година за да се пробијат до слободната територија во Тузла или Кладње.
Учесниците на „Маршот на мирот“ ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината и на колективниот погреб на гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари.
„Маршот на мирот“ се одржува од 2005 година, а секоја година бројот на учесници се зголемува.
Целта на настанот е да се изгради, подобри и негува културата на сеќавање на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница.
Останките на уште седум жртви ќе бидат погребани во Меморијалниот центар оваа година.
Досега, 6.765 жртви на геноцидот во Сребреница се погребани во Меморијалниот центар.
Д. Т. / Цивил Медиа