Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците од ул. „516“ во населба Керамидница во Општина Гази Баба денеска од 7 до 12 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 10:30 часот без струја ќе останат и корисниците од дел од населба Долно Нерези во Општина Карпош, а од 9 до 14.30 часот – корисниците од дел од ул. „Славка Динкова“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода.
Според најавата од РЦУК, од 9:30 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Мијачка“ во населба Дексион во Општина Ѓорче Петров.