Корисниците од улицата „Сердарот“ под пругата и Долно Лисиче денеска ќе бидат без вода поради дефект на водоводна цевка во старата пумпена станица на улица 1 бб. Долно Лисиче, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.
Како што посочиваат оттаму, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:40 часот до завршување на работните активности.