ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

July 11, 2025 17:11
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, како и за идентификување лица припадници на организирани криминални групи кои ги извршуваат кривичните дела – „трговија со луѓе” и „трговија со дете” по пат на сексуална или трудова експлоатација, присилни бракови, питачење, присилување на вршење други кривични дела биле откриени вкупно девет кривични дела.

Од нив по три кривични дела – „запуштање и малтретирање на дете“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, потоа две кривични дела – „фалсификување исправа“, како и едно кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Вкупно пак околу овие кривични дела биле приведени осум лица, а дополнително на подрачјето на Тетово, приведено е и лице за кое претходно е распишана потерница (црвена потерница/red notice) од Словачка за сторено кривично дело – „трговија со луѓе”.

-Исто така, откриени се девет лица жртви на трговија од кои шест лица биле под 18 годишна возраст (малолетни) а три лица над 18 години старост. Одземени е еден пиштол марка „Smith & Wesson SW 1911” и шест куршуми калибар 45 мм кои сопственикот ги поседувал без соодветна дозвола за што е покрената кривична постапка, а воедно поднесени се голем број на прекршочни пријави согласно Законот за странци а вв со нерегулиран престој на странци во РСМ или злоупотреба на престојот како и прекршочни пријави против повеќе правни лица поради неправилности во работењето (непријавени работници, непочитување на работното време неисполнети услови за работа и друго).
Во оваа операција што инаку го опфаќа целиот европски континент во борба против трговијата со луѓе, учествуваат вкупно 43 држави како и меѓународни организации вклучувајќи ги и Европол, Интерпол и Фронтекс. Во Варшава, Р.Полска, беше воспоставен и координативен центар каде беа распоредени претставници од земјите учеснички, меѓу кои и претставник од  РСМ, информираат денеска од МВР.

Во национални рамки носител на активноста била Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, Секторот за криминалистички истраги, ОСОСК, а целата активност беше спроведена во координација и соработка со Секторот за меѓународна соработка, Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа, Секторот за криминалистичка анализа при СКИ-ОСОСК, Одделот за криминалистичка полиција, Секторите за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Одделот за гранични работи и миграции при МВР, како и Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за вработување и Државниот инспекторат за труд.

Во текот на активностите на територијата на нашата држава биле ангажирани над две илјади полициски службеници, а меѓу другото биле извршени проверки  на вкупно 2232 лица,  1598 возила како и проверки на вкупно 531 локации низ државата.

Инаку оперативната акција (ОА) 3.5 JAD Global Chain имала за цел подобрување на капацитетите на институциите надлежни за спроведување на законот, за да можат преку мултидисциплинарен пристап подобро да откриваат, истражуваат  и гонат кривични дела поврзани со трговијата на луѓе/деца имајќи во предвид дека борбата против трговија со луѓе е мултидисциплинарна задача на повеќе засегнати институции и организации.

Акцијата се реализира во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец,  во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за трговија со луѓе и наши полициски службеници од повеќе организациски единици на МВР учествува во повеќедневните оперативни активности против трговијата со луѓе/пред се со деца како и во откривањето и сузбивањето на други видови криминал поврзан со кривичното дело – „трговија со луѓе“ – како што е илегалната миграција, фалсификувањето документи и слично.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: приведени лица

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk