Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење на обврските, поврзани со локалните услуги за пребарување со новиот формат наречен „деловни реклами“.
Според турскиот регулатор „Гугл“ е казнет оти не ги исполнил обврските насочени кон обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите.
Исто така е утврдено дека новиот дизајн, означен како „деловни реклами“, е функционално сличен на претходно санкционираните формати, за кои турскиот регулатор во 2021 година пресуди дека неправедно им даваат приоритет на сопствените локални услуги за пребарување на „Гугл“ пред тие на конкурентите.
Пресудата од 2021 година резултираше со почетна казна од 296 милиони турски лири и побара од „Гугл“ да презентира редизајнирани „интерфејси“ што нудат еднаква видливост на конкурентските услуги.
„Гугл“ не ги исполни овие обврски. Како резултат на тоа, беше изречена дневна административна казна од 0,05 проценти од бруто приход за 2024 година, во вкупен износ од 355,14 милиони турски лири.
Иако „Гугл“ подоцна го повлече спорниот дизајн, казната беше пресметана врз основа на времетраењето на активноста на дизајнот на пазарот.