Сабота е ден кога се игра женското финале на Вимблдон, а пред дванаест месеци малку кој можеше да предвиди дека Аманада Анисимова (САД) и Ига Швјонтек (Полска) ќе бидат дел од финалето.
Швјонтек е тенисерка со пет Грен слем титули, но на тревнатите терени на Вимблдон најдобар пласман досега и беше четвртфиналето од 2023 година, додека лани полската тенисерка беше елиминирана во третото коло. За разлика од неа Американката Анисимова не ги мина ниту квалификациите.
Полуфиналните победи во четвртокот ги промовира двете да играа за трофејот. Анисимова направи огромен подвиг со елиминирањето на првата светска тенисерка Арина Сабаленка, додека Швјонтек беше убедлива против Белинда Бенчиќ препуштајќи и само два гема.
Анисимова беше чудо од дете откако со 17 годии во 2019 година беше полуфиналистка на Ролан Гарос, но не успеа да во следниот период да се избори за Грен слем финале, се до денешното на Вимблдон.
Двете финалистки се родени 2001 година и ова ќе им биде нивни прв сениорски меч, додека како јуниорки имаат одигра еден на јуниорскиот Фед куп каде победи Швјонтек во два сета.
Која и од финалистките да победи ќе ја освои првата Грен слем титула на Вимблдон.
Финалниот меч започнува во 17 часот.