Денеска 138.то машко финале на Вимблдон е централниот настан во светот на спортот, а на Централниот терен ќе се појават двајцата најдобри тенисери Јаник Синер (Италија) против Карлос Алкараз (Шпанија).
Љубителите на тенисот уште ги паметат поените од последното Грен слем финале на Ролан Гарос каде Алкараз се радуваше на освојувањето на трофејот. Ова е всушност продолжение на финалните пресметки на двајцата најдобри.
Ова ривалство прераснува во нова пресметка нешто слично како што беа мечевите меѓу Федерер – Надал – Ѓоковиќ, или нешто порано мечевите на Мекинро и Борг.
Мала предност има Алкараз. Тој има две титули на Вимблдон, скорот на меѓусебните дуели е 8:4 за Алкараз (вклучувајќи ги последните пет) и она што е можеби најважно Шпанецот нема пораз во Грен слем финале (пет победи). Но, Синер е тој што можеби треба да ги сруши сите овие статистички податоци.
Почетокот на финалето е во 17 часот.