ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025 13:09
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен, 13-годишен син, а нивниот роднина што ги убил потоа се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата, бидејќи сторителот не сакал да се предаде.

Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, полицијата пристигнала веднаш откако вознемирената сопруга и мајка на убиените пријавила синоќа во 21: 20 часот дека со часови ги нема нејзините најблиски и смета дека се кај вујкото на сопругот, 63 годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ.

-Полициските службеници извршиле проверка во домот на сторителот, но никој не ја отворал вратата. По наредба од јавен обвинител, полициските службеници со употреба на сила, ја отвориле вратата и кога влегле во куќата, едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, а тие возвратиле од службено оружје, пукајќи кон куќата, изјави Стаматова.

Според СВР Битола, ноќеска во 1:35 часот по полноќ, лекар од Итната помош од Прилеп констатирал смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., кај 63-годишниот П.Ѓ и кај 13 годишниот малолетник.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Како што информираше прилепскиот јавен обвинител Стевчо Биноски, вчера попладне околу 15 до 16 часот,  43-годишниот П.Ч. отишол кај неговиот вујко, 63-годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ. и со себе го повел 13-годишниот син за да ги подобрат семејните односи кои биле нарушени поради имотно-правни состојби. Не се знае што се случувало со часови во куќата, но Биноски вели дека до доаѓањето на полицијата 43-годишниот прилепчанец и неговиот син биле мртви, застрелани од пиштол.

Со доаѓањето на полицијата, сторителот не сакал да излезе, прво фрлил бомба, а потоа била повикана и единицата „Тигри“ при МВР. Откако влегла полицијата во куќата ги пронашла трите безживотни тела.

Наредена е обдукција на телата за расфетлување на настанот.

На социјалните мрежи сторителот ги споменува мотивите за големата трагедија.

Tags: Прилепубиство
Next Post

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk