ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната

July 13, 2025 11:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа  движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици и значителен прилив на илегални мигранти.

Од воведувањето на Шенген зоната во 1995 година, цела една генерација Европејци израснаа во услови на слободно движење меѓу земјите од зоната, што ја олесна мобилноста на работната сила и размената на стоки, создавајќи придобивки за трговијата во рамки на единствениот европски пазар. Отсуството на гранични контроли меѓу членките на ЕУ се толкуваше како симболична и физичка манифестација на слободното движење на граѓаните, како една од врвните вредности на Европската унија.

Но, од пред 10 години, како резултат на зголемениот мигрантски прилив, работите почнаа да се менуваат. Она што првично во 2015 година беше замислено како вонредна мерка – привремени гранични контроли на внатрешните граници во Шенген зоната, денес, десет години, подоцна станаа нормалност.

Поттикнати од енормниот прилив на мигранти, повеќето земји тогаш решија да го активираат членот 25 од  Кодексот за границите во Шенген зоната, врз основа на кој се овозможува воведување гранични контроли на внатрешните граници поради закани по јавниот ред и безбедноста.

Од тогаш, повеќето земји членки на Шенген зоната, поради различни причини воведуваа привремени контроли на делови на своите граници, чија важност постојано се продолжува, со што се доведува под сомнеж нивниот времен карактер.

Како причини за воведување на „времените“ контроли на внатрешните граници се наведуваат одржувањето на масовни политички или спортски настани, опасност по јавното здравје – како што беше случај за време на Ковид пандемијата, терористички или безбедносни закани и „секундарните движења“ на илегалните мигранти, односно влез на лица од трети земји на кои им биле одбиени барањата за азил во држава од Шенген зоната во која првично пристигнале или претходно престојувале.

Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната – Австрија, Бугарија, Германија, Данска, Италија, Норвешка, Полска, Словенија, Франција, Холандија и Шведска, првенствено поради „безбедносни парични“ или поради спречување на илегалната миграција. По правило, спречувањето на влезот на илегалните мигранти се правда со безбедносни или терористички ризици, иако доказите укажуваат дека мотивите за ваквите мерки повеќе се од социјални или локални причини, отколку поради заштита од криминал или тероризам.

Но, според берлинскиот Институт за европски политики (ИЕП), овие мерки не се премногу делотворни за ограничување на илегалната миграција, а уште помалку за спречување на терористичките закани. Иако, со контролите се оневозможува влез на илегалните мигранти преку граничните премини, тоа не ги спречува, заедно со криумчарите на луѓе, да изнаоѓаат нови рути и начини за влез во земјите.

Од друга страна, граничните контроли имаат негативно влијание врз трговијата поради чекањето на стоките на границите, а дополнително ја ограничуваат слободата на движење на граѓаните на Унијата и ја намалуваат меѓусебната доверба меѓу земјите членки на Шенген зоната.

Како резултат овие „привремени“ гранични контроли, зачестија критиките на сметка на Европската комисија, вклучително и од страна на некои европратеници, дека не ја одиграла најадекватно својата улога како „чувар на договорите“ на ЕУ. Според нив, во услови на сложените преговори за реформи на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС), Комисијата им дала приоритет на желбите на земјите членки пред правото на ЕУ, вклучително и барањето за зголемување на максималниот временски рок за привремени гранични контроли од шест месеци на дури три години, под одредени услови.

– Генерално, се чини дека навидум „привремени“, граничните контроли во одреден степен станаа прифатлива појава во наводно безграничната Шенген зона, оценува ИЕП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk