Отсекогаш ми биле посебно храбри и интересни луѓето кои менуваат професии и повици – треба навистина да сакаш предизвик и да се посветиш целосно на промената. Еден од нив е и Љубиша Арсиќ, кој од новинарски води премина во угостителско-музички, и тоа го прави со особена страст и посветеност.
Од првата журка до денес, Оревче е сцена каде што залезите звучат како диџеј сетови, коктелите се сервираат со став, а „клабингот“ е интимно искуство на отворено. „Можеби сме ризикувале со тоа што одбравме исклучиво електронска музика, но затоа ни се враќа верна и паметна публика“, вели Арсиќ во интервју за Трн.
Во интервјуто тој зборува за слободата како концепт, за личните жртви, за првите ореви што му го дале името на местото и за најмагичните моменти што се случуваат меѓу 7 и 10 часот наутро – пред првата журка, додека штурците уште ја прават утринската увертира. „Ако некаде се чувствувам свој, тоа се тие 800 квадрати урбана зона. Слобода, но и трпение, ризик и љубов.“
Или како што самиот вели: „Оревче одамна не е само мал бизнис – стана израз на моето постоење.“.
Интервјуто со Арсиќ прочитајте го ТУКА