ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

July 14, 2025 14:12
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информираше денеска директорката на Агенцијата Ирена Илиевска, на 17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Ефикасноста на институционалниот одговор во Република Северна Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал“, во организација на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Како што појасни Илиевска, досега со овие возила можеа да управуваат само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, а од денеска ќе можат и државните институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземен имот.

– Согласно последните измени кои што се донесени и кои што веќе се на сила, најнова измена е тоа што отстапувањето на државни институции најпрво беше можност само на Министерство за внатрешни работи и на Министерство за одбрана, меѓутоа сега со измените кои што ги предложи самата Агенција, поради тоа што увидовме дека возилата пропаѓаат и на дел од нив може да се изврши продажба за оние кои што се конечно завршени постапка, меѓутоа за оние кои што се привремено одземени не беше возможна продажбата, ниту отстапувањето, па затоа предложивме нови законски измени кои што веќе од денеска стапуваат на сила. Со овие измени, до возила може да дојдат сите државни институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземени имот, рече Илиевска.

Агенцијата, додаде, на располагање има некаде околу 1700 до 1800 возила, дел од нив се привремено, а дел конечно одземени, односно, како што рече, за нив целосно е завршена постапката. Согласно законските измени, Илиевска појасни дека постојат две категории, односно отстапување на возила кои што се конечно одземени и отстапување на возила кои што се привремено одземени.

– Што се однесува за привремено одземени возила, најпрво ние како Агенција треба да побараме согласност од сопственикот од којшто е одземено возилото. Доколку сопственикот не даде согласност, ние се обраќаме до органот којшто го одзел возилото и доколку добиеме согласност од сопственикот или од органот којшто го одзел возилото, ние можеме да донесеме одлука согласно барањата на институциите, тие возила да ги преотстапиме на државни институции, со тоа што, доколку е привремено, должни се институциите кои што ќе го преземат возилото, да уплатат 93 отсто од вредноста на возилото, која што ќе се утврди врз база на проценка, да ги уплатат средствата во државниот Буџет, а 7 отсто од средствата да ги уплатат на Агенцијата за управување со одземен имот, рече Илиевска.

Во случај возилото да треба да се врати на сопственикот по одреден временски период, директорката на Агенцијата појасни дека институцијата која што го презела треба да ги врати на сопственикот тие 93 отсто од вредноста на проценката, додека тие седум отсто ќе треба да ги исплати Агенцијата.

– Доколку настане случај дека тоа возило треба да се врати по одреден временски период на сопственикот, институцијата која што го презела, на која што било отстапено возилото согласно одлука на Влада, треба да ги врати на сопственикот, тие 93 отсто од вредноста на проценката, а оние 7 отсто ќе треба да ги исплати Агенцијата на самиот сопственик. Сето тоа го предложивме за оваа категорија на возила, поради тоа што постапките од одземање до конечно завршување траат премногу долго. Значи имаме пресуди за возила кои што се по различни основи, дали се одземени по основ на убиство, носење на дрога, по основ на мигранти или икс други причини и поради тоа постапката оди доста долго, рече Илиевска.

Вели дека Агенцијата нема соодветни услови за чување на возилата и тие со години стојат на нивните плацеви на отворено.

– За тој период самата Агенција нема соодветни услови за чување на возилата. На нашите плацеви возилата стојат на отворено и самите знаете каква е ситуацијата доколку едно возило со години се остави да стои, значи на тоа возило вреднаста му опаѓа. Поради тоа побаравме измена на овој Закон. И согласно првичниот закон, значи Агенцијата одлучува дали тие возила ќе ги продава или ќе ги отстапи на некоја државна институција. Тука беа рамноправни сите државни институции. Меѓутоа, тоа е проблемот, што од тие што ги рекох, меѓу 1700-1800 возила, многу малку се возила кои што се со конечни пресуди, дел од тие возила се возила кои што се категоризирани во групата на старо железо, тоа се возила кои што се стоени повеќе од 10, 15 и 20 години, рече Илиевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk