Утрово во Кијив пристигна претставникот на Трамп за Украина, Кит Келог, на разговори за безбедноста и санкциите против Русија, пренесе Гардијан.
Шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, веќе сигнализираше дека нешто се случува во текот на викендот, објавувајќи во неделата емоџи слика со странично око што сугерира дека доаѓа објава.
Откако Трамп ги потврди своите намери да испрати повеќе ракети „Патриот“ во Украина, Јермак додаде повеќе детали откривајќи дека Келог ќе учествува во дискусиите за „одбрана, зајакнување на безбедноста, оружје, санкции, заштита на нашиот народ“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одделно изјави дека Келог ќе добие воен брифинг и ќе се сретне со раководителите на Службата за безбедност на Украина и разузнавачките служби.
Д. Т. / Цивил Медиа