ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јубилејното 20 издание на „Астерфест“ од 4 до 8 август, лауреат Милчо Манчевски

July 15, 2025 13:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите.

Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со прикажување врвни и квалитетни филмови од различни жанрови и должини.

-Ме радува наградата на „Астерфест“. Фала ви, луѓе. Уметноста се прави за да се допре срцето на другиот. Се надевам дека она што го правам со години ве допира и создава нови чувства. Многу поздрав од снимањето на „Збогум, Копакабано“, изјавил Манчевски.

Милчо Манчевски е еден од најеминентните македонски и светски филмаџии. Според критичарите, неговиот славен филм „Пред дождот“ е еден од најуспешните дебитантски играни филмови во историјата на кинематографијата. „Њујорк тајмс“ го вброи во својата листа „Најдобрите 1.000 филмови направени некогаш“. Манчевски го освои „Златниот лав“ во Венеција, наградата „Индепендент спирит“, номинација за Оскар, а се смета за најтрофеен македонски филмски режисер. Делата на Манчевски се дел од наставните програми на бројни универзитети, предмет се на многу есеи и книги и повод се за дискусии на голем број конференции. Покрај тоа што е автор на седум играни филма, имал три самостојни изложби на фотографии, објавувал проза, есеи, книги со фотографии и има поставувано уметнички перформанси.

Овогодишен добитник на почесното признание на „Астерфест“ за особени достигнувања на полето на филмската и ТВ-продукцијата е реномираната британска продуцентка Ребека О’Брајан, попозната како продуцентката на Кен Лоуч. По тој повод, минатиот петок, во „Сине-реал“ во Лондон, еден од ретките кинотечни клубови, се одржа мала церемонија во присуство на филмски автори, академици и официјални претставници на Филмскиот совет на „Астерфест“, при што на О’Брајан ѝ беше доделена почесната плакета од „Астерфест“. Таа ја прими наградата со голема возбуда од основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски, истакнувајќи дека е длабоко почестена што „Астерфест“, Струмица и Македонија го ценат нејзиниот придонес како филмска продуцентка.

Добитник, пак, на специјалната награда, плакета на „Астерфест“ за долгогодишни врвни актерски остварувања во македонскиот и балканскиот филм е еден од најмаркантните наши актери, Емил Рубен.

-Кога некој ќе те потсети дека си точно 70 години во филмот, ќе признаете дека се јавува мала нелагода. Од друга страна, баш е добро чувството кога ќе добиеш признание за тоа. А за ова се виновни луѓето од „Астерфест“, за што им се заблагодарувам и им посакувам успешен фестивал, се наведува во пренесената изјава на Рубен

Во официјалната натпреварувачка селекција на „Астерфест“ ќе се прикажат американските „Не стравувај од самиот страв“ на Даун Вестлејк и „Браќа по застава“ на Пеп Стојановиќ, францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадуни и Софијан Шуеб, холандско-белгискиот оскаровец „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам чијшто копродуцент е трикратниот оскаровец Ким Магнусон, кој лани беше во Струмица, црногорскиот „Лаеж“ на Бранислав Милатовиќ, британскиот „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска, кинескиот „Меуресто сеќавање“ на Мингвеј Ма и Џјиаји Кристина Фу, шкотско-полскиот добитник на БАФТА „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер, белгискиот „Петок, 1 јули“ на Сара Ледерман, хрватскиот „Самотија“ на Боби Грубиќ по сценарио на Миро Гавран, полскиот „Секој има убиено некого“ на Ангелика Цигал, француско-полскиот „Сок од портокал“ на Александар Атане, рускиот „Темната шума“ на Татјана Петрова, швајцарско-македонскиот „Турбо-нет“ на Надежда Панов, холандскиот „Ќелиски другари“ на Меле Виндиг и група коавтори, шпанскиот „Умирање“ на Хесус Мартинес „Нота“, како и македонските „Амра“ на Васил Христов, „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и „Избор“ на Марко Црногорски.

Поголемиот број селектирани странски филмови се прикажуваат премиерно во Македонија, некои се светски, интернационални или балкански премиери, а некои филмови ги потпишуваат режисерски имиња кои веќе се претставиле на „Астерфест“ и кои тукашната публика ги препознава како референтни автори.

Специјална проекција, во чест на Емил Рубен и одбележување 25 години од снимањето, ќе биде дигитализираната копија од Кинотеката на Македонија на среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов, во копродукција на „Дигит Проп“ и „De Productie“ од Белгија.

Како фестивал посветен на авторите, на „Астерфест“ во чест на наградените ќе се прикаже и актуелниот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов и на „Мајнд продукција“.

Прекрасните уникатни статуетки и традиционални награди за „Астерфест“ ги изработи ликовниот уметник Никола Пијанманов.

За Гран прито, за Златната, Сребрената и Бронзената потковица, како и за наградите за најдобар режисер „Ацо Алексов“ и најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“, ќе одлучува жирито во состав на филмските автори: Клара Дошлов, Сезер Салихи и Ице Виранов.

Вечерните проекции ќе се одвиваат во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица, а доколку заврне, алтернативен простор е НУЦК „Антон Панов“.

Во „Јуроп хаус“ ќе се одржи и промоција на новото коло од едицијата филмолошка и уметничка литература („Ефектот на пеперутката“, „Малиот Ејолф“, „Насловите како хиероглифски записи“), а ќе се случи и традиционалната филмска посета на Манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса.

„Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Астерфест

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk