Италијанското Министерство за правда соопшти дека до 10.000 затвореници може да бидат пуштени на слобода под алтернативни мерки, со цел да се ублажи пренатрупаноста во затворите.
Станува збор за приближно 15 отсто од вкупниот број затвореници во земјата. Алтернативните мерки ќе вклучуваат домашен притвор или условна слобода, и ќе важат само за оние осуденици чии предмети се правосилно завршени, им остануваат помалку од две години казна, и кои во изминатата година немаат сериозни дисциплински прекршоци.
Оние кои се осудени за тешки кривични дела – како тероризам, организиран криминал, силување, трговија со мигранти или киднапирање – нема да можат да бидат опфатени со оваа мерка.
Според базата на податоци World Prison Brief, италијанските затвори се меѓу најпренатрупаните во Европа, со искористеност од околу 122 otsto од капацитетот. Полоши услови се забележани само во Кипар, Франција и Турција.
Проблемот со условите во затворите привлече внимание поради порастот на самоубиства и поплаки за екстремно високи температури во установите летово.
Министерството за правда нагласи дека процесот нема да се случи одеднаш и најави формирање на работна група, која ќе поднесе извештај во септември.