Утрово е извршен напад со дрон врз нафтени полиња во Курдистан, Ирак, соопшти регионалната служба за борба против тероризмот.
Во соопштението објавено на Фејсбук се наведува дека во нападот нема жртви, а е причинета само материјална штета.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Нафтените полиња погодени од нападот ги управува норвешката нафтена и гасна компанија ДНО.