ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Принцезата Шарлин од Монако ги демантираше гласините за криза во бракот

July 16, 2025 11:21
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Принцезата Шарлин од Монако одржа говор на балот посветен на 20-годишнината откако принцот Албер се искачи на престолот на Монако.

На добротворниот настан во Монте Карло, т.е. на 76-от годишен Бал на Црвениот крст во Монако, принцезата одржа страстен говор во чест на својот сопруг, овозможувајќи ретка прилика за поглед во нивниот брак. Обраќајќи се пред публиката, имено, Шарлин ја нагласи својата поддршка за принцот и јасно стави до знаење дека „стои крај него“, отфрлајќи ги претходните гласини за криза во нивниот брак.

– Албер, те сакаме и те поддржуваме. Ти благодариме што си тука за сите нас. Ти благодариме што ја водеше оваа институција изминатите 40 години и затоа што неуморно работеше за развој и подобрување на нејзиниот углед. Пред 20 години, ти го презеде Кнежевството и од тој ден го водеше Монако со мудрост, храброст и решителност, рече „најтажната принцеза на светот“, како што е позната поради својата меланхолија.

Во својот говор, таа го пофали присуството на својот сопруг на меѓународната политичка сцена, неговата посветеност на животната средина, нарекувајќи го „сила за фундаментални вредности чија желба за единство и спокојство“ го води во целото негово владеење.

– Знаеш дека секогаш сум со тебе. Ние стоиме со тебе, со сето срце, за да го заштитиме Монако и неговата иднина под твое водство, рече Шарлин.

Принцот Албер беше официјално крунисан во јули 2005 година, по смртта на неговиот татко, принцот Рение Трети.

Инаку, двојката е в брак од 2011 година, а бидејќи беше снимена во солзи додека ја напушташе свадбената церемонија, многумина ја прогласија за „најтажната невеста на светот“, пишувајќи дека планирала да избега пред свадбата, но дека обезбедувањето ја спречило. И неодамна, како повеќепати претходно, Шарлин повторно предизвика гласини дека се разведува од принцот Албер, откако беше фотографирана без венчалниот прстен.

Tags: Монакопринцеза Шарлин
Next Post

Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk