ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025 16:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Косовското специјално обвинителство и разузнавачката агенција во соработка со полицијата денеска спроведоа операција против шпионажа, во која е уапсен заменик командант и началник на полициските структури во северниот дел на Косово, Бојан Јевтиќ, пишуваат косовските медиуми.

Во Албанија, апелацискиот суд го отфрли барањето на Илир Мета за ублажување на мерката безбедност, и го остави во затворски притвор каде што се наоѓа веќе 9 месеци, пишуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Шефот на полицијата, Бојан Јевтиќ, уапсен во анти-шпионска операција

Специјалното обвинителство, во соработка со Косовската разузнавачка агенција и Косовскиот полициски инспекторат, спроведува операција против шпионажа.

Според онлајн весникот Репортери, во оваа акција е уапсен полицискиот претпоставен Бојан Јевтиќ.

Тој ја извршувал функцијата заменик-командант и началник на операциите во една од полициските структури во северниот дел на Косово.

Специјалното обвинителство ја објави операцијата утрово.

Обвинителството соопшти дека ќе ги открие деталите по завршувањето на операцијата.

„Специјалното обвинителство на Република Косово ја информира јавноста дека под негово водство се спроведува операција во соработка со Инспекторатот на косовската полиција и Косовската разузнавачка агенција, во врска со сомневањата за сторено кривично дело шпионажа“, се вели во соопштението на Обвинителството, пренесе Репортери.

Бота сот: Ветеран од ОВК денес ќе штрајкува со глад за конституирање на Собранието

Пред почетокот на четириесет и осмиот обид за конституирање на Собранието на Косово, повторно се одржуваат протести пред влезот во Собранието. Ветераните и поранешните рудари го изразуваат својот револт поради политичкиот застој, повикувајќи ги политичките партии.

Ветеранот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Лулзим Прокши, кој дошол од Хрватска, изјави дека во знак на револт поради неуспехот да се конституира Парламентот, од денес и тој ќе започне штрајк со глад. Тој рече дека ќе му се придружат и други ветерани од ослободителната војска, пишува Бота сот.

АЛБАНИЈА

Шекули: Апелацискиот суд го отфрли барањето на Илир Мета за ослободување, останува во затвор

Специјалниот Апелациски суд го отфрли барањето на Илир Мета за ублажување на мерката за безбедност, оставајќи ја на сила одлуката за „затворски притвор“. Поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата ќе продолжи да останува во затвор, по одлуката донесена денес од страна на судскиот орган.

Мета побара замена на мерката со поблага, како што се „куќен притвор“ или „присилно јавување“, опишувајќи ја сегашната мерка како неправедна и политички мотивирана, но Специјалната Апелација ја потврди претходно изречената мерка за безбедност од страна на ЃККО.

Адвокатот на Илир Мета ја коментираше одлуката на Апелацијата на ЃККО со која мерката за безбедност „затворски притвор“ против поранешниот претседател на земјата остана на сила, наведувајќи дека „разговарав со судот“.

Кујтим Чакрани изјави дека Илир Мета е во услови на прогон, но нагласи дека ќе се соочи со сите и дека не е лесно поразен.

„Претседателот е во притвор 9 месеци, невидено е претседателот на Републиката да остане во притвор 9 месеци без да се завршат истрагите“, рече Чакрани, пренесе Шекули.

Публик ал: УНЕСКО ја разреши албанската амбасадорка Бесиана Кадаре

Невиден дипломатски скандал тивко избувна од канцелариите на УНЕСКО во Париз: Бесиана Кадаре, амбасадорката на Албанија во оваа важна меѓународна институција, е отпуштена од функцијата без никакво официјално објаснување од албанската влада.

Доверливи извори потврдуваат дека самиот УНЕСКО ја исклучил Кадаре, прогласувајќи гја непожелна во своите простории, поради постојани неуспеси во претставувањето и заштитата на албанското културно наследство.

Бесијана Кадаре, за време на нејзиниот мандат, не заштитила ниту едно од албанските заштитени подрачја, напротив, таа беше критикувана за нејзиното молчење во најфлагрантните случаи на уништување на наследството, како што се:

  • Случајот со Бутринт, даден со сомнителна концесија.
  • Езерото Поградец, загрозено од бетонирање и злоупотреби на локалните функционери.
  • Лагуната Нарта, загрозена од индустриска изградба.

Дисквалификацијата на Кадаре не е изолиран случај, туку е меѓународна осуда на начинот на кој Албанија се однесува кон своето наследство и демократија, пренесе Публик ал.

КОЛУМНА

Коха: „Откажаниот лет за Виена“

„Се сетив на Јасуши Акаши, бидејќи ми се чини дека поминуваме низ сличен политички момент, но во сосема поинаков свет. Во тоа време, Јасуши Акаши стана симбол на слабоста на ОН, бидејќи тој ја симболизираше и неспособноста на она што се случуваше во поранешна Југославија. Сега ОН ја има за свој претставник за Палестина Франческа Албанезе, храбар академик кој ја опишува реалноста со опис што не остава простор за двосмисленост: геноцид.

Но сега повторно има тишина или формулации кои „силно го осудуваат нападот со беспилотни летала врз Кијив“ или „силно го осудуваат насилството што предизвика смрт на цивили во Газа“. Овие формулации се исти како тишина, тие немаат никакво влијание.

Секој лидер во која било земја во светот може да живее со „силна осуда“, а особено лидери како Путин или Нетанјаху. И двајцата живеат со обвиненија од Меѓународниот суд на правдата без никакви проблеми. Покрај тоа, и двајцата живеат со задоволството што се имаат еден со друг. Б. Нетанјаху во суштина е поддржувач на Путиновата Русија која ќе ги прошири своите граници до таму каде што тој мисли дека е Русија на рускиот народ. В. Путин е многу задоволен од присуството на Нетанјаху во овој историски момент: какви се неколкуте беспилотни летала што се испраќаат во Кијив против Украинците кога на Нетанјаху му е дозволено отворено да изврши геноцид во Газа, бидејќи на крајот и тој ќе создаде Голем Израел, библискиот, еврејската национална држава.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Откажаниот лет за Виена“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk