Во „Имаме неколку прашања за вас“, Рацин.мк разговара со Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист.
Вртев говори за неговата кариера која е поврзана со еден значаен период на македонскиот рокенрол, осумдесетите години на минатиот век, кога се појавија „Мизар“, а малку подоцна и „Архангел“ кои оставија силен печат во музиката во Македонија и поранешна Југославија.
Тој зборува и за неговото учество во креирањето на музичкиот концепт на „Мизар“, но и за разликите кои се појавија меѓу членовите на бендот по што тој го создаде „Архангел“. Песните на Вртев и на „Архангел“ се поврзани со општествените случувања од транзицијата, меѓучовечките односи, вредностите, љубовта… Но, она што е нивна главна карактеристика е што станува збор за трансгенерациски дела кои еднакво ги доживуваат и пеат генерациите кои израснаа со „Архангел“, како и сите наредни кои со нив се запознаа десетини години подоцна преку музичките записи и концертите кои сѐ уште се масовно посетени.