ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АСОМ со отворено писмо до политичките претставници: Кој има интерес од затворање на легалната индустрија на игри на среќа?

July 18, 2025 11:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со остра реторика и директни прашања упатени до политичките претставници, АСОМ (Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија) денеска испрати отворено писмо, обвинувајќи за организирана кампања против легалната индустрија за игри на среќа, во која, како што наведуваат, „се уништува една од најрегулираните и најтранспарентни индустрии во државата“.

„Зошто дозволувате една цела индустриска гранка, која е убедливо законски најрегулирана, која легално вработува десетици илјади луѓе и плаќа редовно милиони евра во давачки, да ја нарекувате ‘мафија’ или ‘банда’?“ – прашува АСОМ.

Според асоцијацијата, со години политичките партии избегнуваат јавна расправа за законот, додека паралелно го користат прашањето како алатка за коалициски договори и изборни поени.

„До кога ќе ја користите нашата индустрија за коалициски договори и предизборни цели и ќе држите десетици илјади вработени во грч и страв за сопствените работни места?“

АСОМ посочува дека предлог-законот за игри на среќа, де факто, значи затворање на целата индустрија, и како аргумент го наведува примерот на Албанија, каде, по сличен потег, се зголемиле криминалот и нерегулираните активности, по што властите биле приморани повторно да ја легализираат индустријата.

„Кој има интерес ова да се случи и кај нас? Или некој веќе прави план за нелегален бизнис?“ – се прашува АСОМ и додава: „Рестриктивните закони никаде и никогаш не решиле ништо, напротив – ги влошиле состојбите.“

Во дел од писмото се посочува и на, како што велат, државен монополизам и „желба за преземање на целиот пазар“ преку државни видеолотариски игри и интернет обложувалници.

„Нели е крајно лицемерно да кажувате дека се борите против легалните приредувачи на игрите на среќа, но истовремено државата самостојно да организира игри на среќа на интернет? Тоа е единствено желба за монополизација и контрола.“

На крајот од писмото, АСОМ јасно порачува:

„Законот за затворање на легалните игри на среќа не смее да се донесе. Тој е пред сè штетен за граѓаните, за вработените кои ќе изгубат работни места и за безбедноста на играчите.“

Организацијата бара итна јавна расправа, транспарентен дијалог и закон кој ќе биде „европски, одржлив и во интерес на сите граѓани“.

„Во спротивно, спремни сме да одиме до крај и со сите расположливи средства да ја браниме нашата легална индустрија од политички напади.“

Писмото на АСОМ:

„Почитувани политички претставници,

Ви се обраќаме со отворено писмо за да ги разобличиме сите напади врз нашата индустрија, сите малициозни етикетирања, но и да ја разобличиме целата подмолна операција за уништување на легалната индустрија за игри на среќа која е во тек.

Прво, јавно прашуваме, зошто дозволувате една цела индустриска гранка, која е убедливо законски најрегулирана, која легално вработува десетици илјади луѓе и плаќа редовно милиони евра во давачки, да ја нарекувате „мафија“ или „банда“? Дали нашите вработени, кои се повеќе од 10.000, се мафијаши кои хранат семејства од чесна работа? Дали компании кои работат без дамка се мафијашки компании? Или пак мафијата е некаде на друго место? Срамна, нечесна и недозволива е оваа реторика со цел некој политички да профитира пред избори.

Второ, зошто со години бегате од јавна дебата за овој важен закон? Зошто се пишуваат десетици верзии на закон тајно, без вклучување на експерти и јавност? Ние, како претставници на легалната индустрија за игри на среќа, немаме што да криеме, сакаме јавно, пред граѓаните, да ги соочиме аргументите. Прашањето е дали вие имате нешто да криете? До кога ќе ја користите нашата индустрија за коалициски договори и предизборни цели и ќе држите десетици илјади вработени во грч и страв за сопствените работни места? Ако немате што да криете, зошто со години сите бегате од соочување на аргументите? АСОМ и сите членки на нашата организација со години конструктивно нудат решенија кои се во интерес на граѓаните, на заштита на играчите и на прецизна регулација. Тоа е пред сè наш интерес. Во наш интерес е да се подобрува легислативата и да имаме одржлив и долгорочен закон кој ќе биде во интерес на сите. Но, очигледно вам тоа не ви е во интерес. Во интерес ви е само да ја политизирате и да ја злоупотребувате судбината на компании и луѓе пред избори.

Трето, зошто бегате од фактите кога станува збор за закони кои значат затворање на индустријата? На јавноста треба да ѝ е јасно – овој закон, де факто, исто како и сите претходни предлог-закони, значи затворање на легалната индустрија за игри на среќа. Дали знаете што ќе се случи кога ќе ја затворите легалната индустрија за игри на среќа? Ќе се случи истото што се случи во Албанија пред неколку години и истото што се случуваше тука пред десетици години – ќе процвета нелегалниот бизнис, играње по подруми. Ќе расте криминалот, ќе се игра небезбедно, а државата ќе трпи огромни загуби. Им се обраќаме директно на албанските политички партии – зошто не го земете искуството на Албанија? Албанија виде дека затворањето на индустријата нанесе огромна штета, порасна криминалот, се играше „на диво“ и на крај ги вратија легалните обложувалници. Кој има интерес ова да се случи и кај нас? Или некој веќе прави план за нелегален бизнис? Рестриктивните закони никаде и никогаш не решиле ништо, напротив – ги влошиле состојбите. Ако забраните легална продажба на алкохол, луѓето нема да престанат да пијат, туку ќе го набавуваат „на црно“. Истата судбина ја чека државата со овој закон.

Четврто, нели е крајно лицемерно да кажувате дека се борите против легалните приредувачи на игрите на среќа, но истовремено државата самостојно да организира игри на среќа на интернет и самостојно да има интерес да организира видеолотариски игри? Како е тоа заштита на играчите кога пазарната економија се покажува како најдобар чувар на интересите на сите чинители во државата. Тоа е единствено желба за монополизација и контрола од страна на државата, а со тоа и големи добивки за оние кои ги носат овие закони.

Секоја власт лицемерно и политички го злоупотребува нашиот легален бизнис сектор само за да направи преземање, а не за да регулира или пак да ги заштити граѓаните. Ова јавноста и граѓаните мора да го знаат. Сите компании кои работат и се членки на АСОМ се врвно професионални и одговорни компании кои ги следат и почитуваат до буква законите за индустријата. Сè друго е политичка магла и позадински интереси за да се оцрнува нашата индустрија и компаниите кои работат во неа.

АСОМ и компаниите кои ги претставува организацијата уште еднаш цврсто и јасно порачуваат – законот за затворање на легалните игри на среќа не смее да се донесе. Тој е пред сè штетен за граѓаните, за вработените кои ќе изгубат работни места и за безбедноста на играчите.

Ние немаме што да криеме, бараме итна јавна расправа за да се соочат аргументите и конечно да се донесе закон кој ќе биде европски, одржлив и од кој ќе имаат бенефит сите граѓани на оваа држава.

Во спротивно, спремни сме да одиме до крај и со сите расположливи средства да ја браниме нашата легална индустрија од политички напади.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АСОМИгри на среќа

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk