ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Доделени 54 милиони денари за научно-истражувачки проекти на јавните научни и високообразовни установи

July 19, 2025 13:46
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Науката добива зголемена поддршка од Владата. Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните научни установи за реализација на научно-истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.

Како што информира Министерството за образование и наука, со 23,7 милиони денари ќе се финансира реализацијата на осум проекти со кои осумте самостојни јавни научни установи, односно институти аплицираа на објавениот повик на МОН за доделување на средства за поддршка на нивната дејност, која е од висок стратешки и национален интерес за државата. Конкурсните услови предвидоа доделување до три милиони денари по проект, а резултатите се објавени на следниот линк.

Додека, пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари. Конкурсот кој за оваа намена беше објавен, предвиде распределба на средства во висина до најмногу 8 милиони денари по проект, а резултатите се објавени тука.

Министерството информира дека дополнително ќе бидат објавени и резултатите од третиот јавен повик кој е дел од програмата за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија за 2025 година, преку кој ќе се финансираат иновативни проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Секој прифатен проект ќе добие до 8 милиони денари.

Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно зголемување споредбено со буџетот од 2024 година.

Tags: МОНнаука
Next Post

Започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk