ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

July 19, 2025 10:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Забелешката на премиерот Христијан (кај му го туриле баш оваа име) дека родителите на изгорените и тешко повредените деца во кочанската трагедија во барањата до неговото ништожество, не ја туриле цената на своите деца, освен што е најодвратен цинизам во историјата на светската политика од Ацтеките наваму, покренува и некои други прашања кои комплетно и без остаток го дисквалификуваат првиот човек на владата до нивото на говно чија смрдеа може да се почувствував дури на терасата на кафулето на вселенската станица Џејмс Веб додека го пиете своето утринско кафе.

И го прави неодржлив на таа позиција понеже дождот од прашања ќе го дематеријализира.

Претерувам, се разбира, оти, ова е Македонија.

Тука говното не секогаш е говно, а мафинот мафин, особено ако сте во партијата која обожува од срањата да прави мафини.

Вмро, оф корс!

Може ли за изгорените деца да се бара цена, а маглата на таканаречениот национален интерес, да се прогласува за бесценета?

Може ли самопретставата на премиерот за цената на неговиот рејтинг и кариера, да е повисока од  сите други цени на вредностите во Македонија.

На животите на луѓето?

Конкретниот живот односно смртта донесена на крилјата на сопствената неодговорност, на распојасаноста и уживанцијата во одбраната на ветерот и маглата на националниот интерес, да бидат ништо во однос на љубовта на премиерот кон Кузман Шапкарев, да речеме, еден собирач на бугарски народни песни и умотворби, област во која полуписмениот свет на времето обожавал да се реализира во недостиг на шекспирски инспирации и таленти.

Тоа е почетокот на нашата преродба која деновиве ја завршуваме со диплома на идиоти.

Или, да речеме, нема цена по која ќе ги пушти Бугарите во Уставот и ќе ја однесе земјата во Европа, а за мртвите и тешко повредените деца е спремен да плати некој денар ако родителите ја спуштат цената на смртоносното нефункционирање на системот за кој тој е одговорен, на разумно ниво.

Малку над цената на кочанскиот ориз.

Или арпа.

Таа забелешка ја открива психопатологијата на лицето ХМ посигурно од сите фројдови, јунгови, рајхови и лакани.

И на нацијата.

Која и покрај сѐ, не престанува да верува дека во тој контејнер ќе налета на некој бисер.

Курац фини!

Порано мислев дека тој го смета идентитетот за бесценета категорија затоа што од него ги има избркано луѓето.

И во тој случај мислев дека оценката е неточна и глупава, но во последно време, а особено по неговата средба со родителите од Кочани, гледам дека тој ја смета таа недофатливост на духот за бесценета затоа што е составена од луѓе кои тој наумил да ги задуши со испумпувањето на нивниот дух, како глава под пластична кеса. Како јорган стиснат во обезвоздушен простор.

Тој не го брани идентитетот, затоа што тој е неодбранлив на тој позерско-квазиполитички начин, туку ги убива луѓето.

Не ја води тој земјата во изолација, туку луѓето ги носи на кланица.

Духовна, културна и морална, односно национална.

Во малку послободна експресија може да се каже дека ние имаме работа со масовен убиец маскиран во премиерска функција.

Апсолутен социопат кој не е способен да конципира никакви национални или политички доктрини затоа што не е во состојба да ја разбере и совлада сложеноста на стварноста,  но е способен да мобилизира маси и да ги реализира нарачките за општата деструкција.

Под паролата за Македонија грејт агеин.

На ренесансата.

На враќањето на загубеното достоинство.

Од Брисел во шталите на Скопска Црна гора.

Ваквите свињарии можат некое време да му помагаат, но во еден момент и тој и народот ќе удрат со главите во плафонот и тогаш никој нема да го праша него за цената затоа што ќе го симнат за џабе.

Иако претставуваме класа во изумирање, надградба без база (Гомбрович), иако ќе има сѐ помалку луѓе кадри да нѐ разбираат, мораме и понатаму да мислиме на неупростен и непримитивен начин – како во нашата ситуација ништо да не се променило. Никој не треба да биде поглуп отколку што е. Мораме да се остваруваме до крај, да се доискажеме себе си до последното слово, затоа што само појавите способни за апсолутен живот имаат право на постоење.

Во последниве неколку недели бев на промоција на новата книга на Димитрие Дурацовски, па на новата книга на Славчо Димитров, по сношти на нивата изложба на Зоран Кардула.

Видов убав свет.

Нормалноста освежува, а исклучителноста на луѓето што ги среќавам, посебно на авторите, ги отвораат вратите на светот каков што го сакам.

„Јоште Македонија ни Згинела“.

Полската химна на времето беше и наша химна.

Мислам мелодијата.

Потоа од гробовите станаа славните јунаци и сѐ отиде у курац.

Мораме да ги вратиме во гробовите.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk