Русија лансираше бараж од беспилотни летала и ракети врз Украина во нападот ноќва, при што загина најмалку едно лице и предизвика повеќе пожари во главниот град Кијив, соопштија градските власти, пренесе Гардијан.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачите и медицинските лица работат на локациите во четири области на главниот град. Станица на метрото во центарот на Киев, комерцијални објекти, продавници, куќи и градинка се оштетени, изјавија градските власти.
„За жал, имаме информации за едно лице кое почина како резултат на нападот“, изјави началникот на воената администрација на Кијив, Тимур Ткаченко, на Телеграм, пренесе Гардијан.
Во уште една напната и бессона ноќ за жителите на Кијив, многумина побрзаа да се засолнат во подземните станици. Експлозии се слушнаа низ целиот град додека единиците за воздушна одбрана беа вклучени во одбивањето на нападот.
Олех Синехубов, гувернерот на регионот Харкив, пријави повеќе експлозии во вториот по големина град во земјата, но не даде непосредни детали за штетата.
Нападите доаѓаат неколку дена откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Кијив предложил нова рунда мировни преговори со Москва.
Преземено: Цивил Медиа