Голем шумски пожар што беснее од вчера во близина на градот Гејве во северозападна Турција предизвика евакуација на две населени места, јави Анадолија.
Според гувернерот на Сакарија, Рахми Доган, пожарот избувнал околу 17 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште не е утврдена.
Во гаснењето учествуваат пожарникари, војници од копнената војска, доброволци, пет авиони и осум хеликоптери.
Целосна евакуација е наредена во селата Ташолук и Хаџилар. Во Ташолук, три куќи се целосно изгорени.
Противпожарните активности продолжуваат, а дополнителни мерки се преземаат и во соседната провинција Билеџик, бидејќи пожарот се шири во граничната шума меѓу двете области.