ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Ајде да летаме – од аеродромот во Тирана

July 22, 2025 16:57
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во своето последно неосновано кочоперење со „колосалниот успех“ во развојот на авиосообраќајот во државава под власт на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на 25 мај на социјалните мрежи сподели радосна вест за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, која ќе стартува од 31 октомври, пофалувајќи се дека ова е 11-та нова линија за 10 месеци, и е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и дека субвенциите и политиките на Владата за развој на авиосообраќајот даваат резултати.

Претходно, како грандиозното достигнување, и тоа по првите 100 и кусур дена од доаѓањето на власт, Николовски најави дека од оваа година од аеродромите во Скопје и Охрид ќе се лета до дури шест нови дестинации: четири од скопскиот аеродром, од кои 3 на нискобуџетната Визер (Барселона, Лион и Штутгарт), а четвртата е на „Флај Дубаи“ на релација Скопје-Дубаи-Скопје, додека од охридскиот аеродром ги најави линиите до Базел со Визер и до Истанбул на Туркиш ерлајнс.

Но, по само неколку дена од историскиот успех на министерот Николовски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека се прославуваше и коваа планови за уште поголем успех на вториот повик планиран за крајот на ноември , студен туш пред почетокот на зимскиот ред на летање. Унгарската нискобуџетна авио- компанијата Визер, објави дека укинува три авиолинии од Скопскиот аеродром: за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Следеше уште еден студен туш во ладниот февруарски ден, откако унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ објави дека од 9 март ја укинува и линијата Скопје–Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври, и тоа откако кон крајот на јануари Николовски изјави дека е многу горд на неговите и владините политиките на подршка на субвенционирање кои повторно ќе го вратат „стариот сјај“ (?) на скопскиот и охридскиот аеродром со 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнале процедурата.

Но, домашниот есап никогаш не е ист со есапот на пазар. Ајде да видиме како тоа изгледа низ бројки.

Соодносот помеѓу авио линиите кои ги опслужува унгарската нискобуџетна авио компанија Визер од аеродромите во Тирана и Скопје е 62 : 34, при што Тиранскиот аеродром има воведено нови 4 линии за разлика од октомври, кога соодносот беше 58 : 34. Дополнително, тиранскиот аеродром во редот на летање има и 21 рута со директни летови на нискобуџетниот РајанЕр, додека скопскиот и охридскиот аеродром се уште го немаат РајанЕр во своето портфолио.

Затоа сé поголем број македонски граѓани одлучуваат полетна точка до некоја европска дестинација да им биде Тиранскиот аеродром. Кога пред некоја година за прв пат летавме со семејството од Тиранскиот аеродром, до сега можам да посведочам на енормниот развој на овој аеродром, кој секоја година сé повеќе ги проширува своите капацитети. Истовремено, се развива и околината, никнуваат сé повеќе хотели и ресторани во близина на аеродромот, а особена погодност се ( покрај аеродромскиот паркинг, кој е цeлосно покриен и автомобилите се под сенка и заштитени од други метеоролошки појави) приватните паркинзи во непосредната околина каде можете да го оставите автомобилот за 3 евра на ден, односно 33 евра за 11 дена, или во денарска противвредност, малку над 2000 денари. За разлика од Тирана, на скопскиот аеродром, на пример, кој е единствен во околината на аеродромот (дури и не смеете да застанете на улицата пред паркингот, аеродромската служба веднаш ќе ве избрка), ТАВ наплаќа по 1000 денари за 8-24 часа, а за 5 до 7 дена, цената за да го оставите вашиот автомобил е 4500,00 денари, плус уште по 400,00 денари за секој нареден ден. Вкупната сума што ќе треба да ја одвоите за да го оставите автомобилот на 11 дена на паркингот на ТАВ е 6100,00 денари, или  околу 99 евра. Не е тешко математички прецизно да се пресмата разликата во цена, односно заштедата која ќе ја имате, само на паркирањето.

Ако на ова ја додадеме и раликата во цената ( која очигледно не можат да ја „испеглаат“ субвенциите на Николовски), која само за пример на еден лет, од двата аеродроми до Барцелона, за едно семејство изнесува 136 евра.

Цените варираат во зависност од временскиот период кога се букираат. Истите се букирани на почеток на годината.

Доколку некој го спомне патот, технички, проблемот е само делот од Скопје до косовската граница, кој е цел со дупки, недовршени делници и недоизградени клучки и кружни текови, од косовската граница до тирана е нов автопат, со тунел во Албанија долг 5 километри. Финансиски, ќе потрошите нафта за околу 2500,00 денари (41 евро) и 13,4 евра за патарина.

Сума сумарум, според цената на летот одбран како пример, а слично е и со другите летови кои ги има и од Скопје , доколку летате од тиранскиот, а не од скопскиот аеродром, ќе заштедите 148 евра.

За дупло поголемиот број летови што ги има Тирана, а ги нема тука, оваа математика не важи. На пример, за лет од Тирана до Валенсиа, повратни карти за четиричлено семејство купени во јануари, чинат само 270 евра (67,5 евра по лице).

Затоа, ајде да летаме…од аеродромот во Тирана.

П. С. Всушност, можеби под развојот на авиосообраќајот во државава Николовски ја смета партизацијата на М-Нав, каде неодамна, на спорен оглас се примени: Атанас Стамнов – сопругот на директорката на Централен регистар на Македонија Анита Стамнова, потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, како и Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk