ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јаневска: Повторно е вратен предметот Историја што претходната влада го укина

July 22, 2025 13:45
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици.

-Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што кажа, се доработува со уште неколку закони. Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка  за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Распишан е оглас за проекти за научно истражувачка работа на професорите, а отворени се шест нови лекторати во светот каде ќе се изучува и популаризира македонски јазик и литература.

Оваа Влада, како што кажа министерката, досега шест пати ја покачила платата на наставниците и со СОНК се договориле секоја година да има нови покачувања на платите.

Таа потсети дека МОН и оваа Влада изградиле осум нови училишни згради и работи на деветата, реновирани се 20 училишни сали, а се градат уште четири спортски сали и има повик за изградба на уште 30 нови спортски сали. Потсети дека ги опремиле училиштата со смарт табли и друга современа опрема, а во соработка со Бирото за развој и образование имаат обуки за наставниците да користат напредна технологија.

Министерката Јаневска, која зборуваше на партиска трибина во Велес, потенцира дека МОН за првпат ги легализира дуалните паралелки во средно образование кои имаат практичична настава.

Во средното стручно образование освен постоечките направиле уште два нови стручни центри во Штип и Битола според стандардите на земјите од ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јаневскапредмет Историја
Next Post
Фото: Скриншот

Трамп се пресметува со новинските агенции – го отстранува Волстрит Џурнал од „групата за новинари“ за патувањето во Шкотска поради извештајот за Епштајн

НАЈНОВО

FB / Bujar Osmani

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

October 9, 2025

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

October 9, 2025
Скриншот

Вучиќ: Американските санкции за НИС ќе ги почувствуваат сите во Србија

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk